Контакт

Македонија

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Објавено пред

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален извештај за недостигот од кадар на Клиниката, кој ќе биде разгледан и на седница на Владата. Министерот и директорот денес известија дека недостигаат медицински сестри, техничари, радиолози, физичари и лекари.

„Во следниот период јас како министер за здравство ќе инсистирам да се дозволат вработувања, да не ги преоптоваруваме вработените. И така цела Македонија гравитира само тука. Се работи за 100 лежечки пациенти и 50 што се водат амбулантски. Ни преостанува идната недела да имаме конкретни барања од Клиниката и потоа заедно со директорот и со министерката за финансии да побараме, да вршиме притисок, по секоја цена да ѝ дадеме приоритет на Онкологија за да може нормално да функционира. Ваквото функционирање и за пациентите е тешко, меѓутоа, реално, за медицинскиот кадар е претешко“, рече министерот Таравари и нагласи дека ќе инсистира најбргу што може да се активираат амбулантите во Тетово и во „8 Септември“, каде што, исто како и на Онкологија, има недостиг од кадар.

Министерот веќе се информирал дека во земјата има доволно стручен кадар, кој може веднаш да се активира иако ќе поминат месеци, па и години, додека тие почнат да функционираат како што се очекува.

„Јас в понеделник ќе се видам и со деканот на Медицинскиот факултет, мислам дека ни треба стратегија за специјализации, особено за онколози. Добив информација дека не се повеќе од 50 онколози во целата држава, што е премала бројка за Македонија, а исто така и патолози. Од тука одам на Институтот за патологија да видам и таму како стојат работите, па заедно со деканот да организираме мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност и да ги мотивираме докторите што повеќе да специјализираат и онкологија и патологија“, рече министерот Таравари по посетата на Онкологија.

Заедно со министерот во посета на Онкологија денес беше и новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој вели дека не е случајност што се појавува заедно со министерот на Клиниката за онкологија и најави дека заеднички ќе дадат максимален напор јавните политики, што ги претставува министерот, и финансирањето, кое тој го контролира, да бидат усогласени, особено пред претстојниот ребаланс на државниот буџет.

Најново

Економија9 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија15 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт19 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт26 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија41 минута

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура42 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија49 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника1 час

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника1 час

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...