Контакт

Македонија

Таравари ќе биде шеф на изборниот штаб на Алијанса на Албанците

Објавено пред

На редовниот состанок на Централното претседателство на Алијансата за Албанците, беше извршен избор за претседател на Централниот штаб на Алијансата за Албанците за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година.

„Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари беше едногласно избран од членовите на централното претседателство. Таравари во неговиот говор увери дека во овој пат штабот на АА, со сите локални штабови и политичка активност, ќе обезбеди и ќе гарантира убедлива победа на Алијансата за Албанците на изборите на 12 април 2020 година“, истакнаа од Алијансата.

Македонија

Силјановска: Избегнувајте го новото име во текстот на законот, промената е сѐ уште болна тема за граѓаните

Објавено пред

Професорката Гордана Силјановска Давкова од јавната дебата за законот за јавно обвинителство порача во текстот на законот еднаш да биде употребено новото име на државата, а понатаму во текстот да стои републиката, затоа што според неа, името и нараму е болна тема за граѓаните.

„Нема потреба папагалски да го повторувате името на државата, тоа е сѐ уште болна тема за сите нас. Еднаш нека стои новото име Северна, потоа во заграда ставете републиката”, порача професорката Силјановска.

Таа истакна и дека носењето на ваков суштински закон треба да биде носен надвор од политички пресметки, а пратениците да гласаат по сопсвено убедување.

„Слушаме информации дека се разговара за потребното мнозинство, дека треба да се донесе законот, но процедурата е гаранција за демократијата. Пратениците треба се изборат за ова право и да гласаат по сопствено убедување“, нагласи професорката.

Според неа законот не би требало да се носи по скратена постапка, а треба да биде доставен и до Венцијанската комисија која треба да даде правно мислење.

„Ако имаме закон со европско знаменце тогаш треба и процедурите да се европски. Легитимноста на знаменцето ќе беше ако го пратевте до Венецијанската комисија и добиевте правно мислење. Не сакам да го споменам специјално донесениот закон, за специјално обвинителство со договор на 4 партии, невиден феномен во правото, но кој ете влеваше надеж дека ќе стави крај на криминалот и корпцијата, а заврши со Рекет“, рече Силјановска.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) МВР нема обрасци за возачки дозволи, а снемува и за пасоши

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи не издава возачки дозволи оти нема обрасци, а снемува и од залихите на обрасци за издавање пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денес објасни дека од истите причини доцнело и издавањето лични карти.

„Имаше недостиг на лични карти при што од 26 декември некаде до 16/7 јануари се чекаше за издавање лични карти. Имаше недостиг на возачки дозволи, сè уште не е пристигната новата пратка на возачки дозволи, треба да пристигне кон крајот на овој месец, поради тоа и се кочи тука кај возачките дозволи и има недостиг на пасоши, образец тип А. Веднаш бев алармиран за овој проблем и ги презедов сите неопходни дејствија за негово надминување. Веднаш испратив писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до Министерството за внатрешни работи. Ги алармирав службите во Министерството за внатрешни работи, пишував ургенции, ја алармирав и меѓународната заедница, при што веќе се стигнати обрасци за лични карти, ги очекуваме обрасците за возачки дозволи, а за патни исправи има обрасци некаде до средината на февруари. Согласно планот на Министерството за внатрешни работи и таа лоша анализа којашто била направена, патните исправи треба да стигнат дури на крајот на март. Сега ќе правиме дополнителни напори да се надмине и овој проблем“, рече министерот Чулев.

Причина за недостигот, според министерот, се лошите анализи за набавки од раководството кое не зело предвид дека годинава ќе има зголемена побарувачка на лични исправи поради изборите, поради измените за издавање лекови на рецепт исклучиво со документ за идентификација, а не биле соодветно преброени и документите издадени пред 10 години чија важност истекува и граѓаните ќе побараат обновување.

Набавката на обрасци и недостигот ги испитува Внатрешната контрола во МВР, која треба да утврди дали има незаконско постапување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје со финансиска поддршка на 237 проекти во областа на културата

Објавено пред

Град Скопје ги објави добитниците на конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2020 година. На конкурсот што беше распишан на 18.09.2019 година за првпат се аплицираше по електронски пат и пристигнаа 490 комплетни апликации, што е најголем број досега.

Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот. Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 237 предлог-проекти, односно речиси половината од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог-проекти по 32 им припаѓаат на проектите кои опфаќаат меѓународна соработка и изведбени уметности; 50 од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 43 проекти од издавачката и библиотечната дејност, 29 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 51 проекти се поддржани од областа на музичките уметности.

За овој конкурс, Градот издвои 16 милиони денари, а просечниот износ на доделни финансиски средства по проект изнесува 67.500 денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 25% од вкупно предвидените буџетски средства.

Од Град Скопје велат дека и оваа година е ставен акцент на поддршката на младински и на студентски проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија3 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија3 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија4 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ5 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура5 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет6 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет7 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет7 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет8 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија21 час

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ23 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија23 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија1 ден

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија1 ден

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија1 ден

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет1 ден

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Досие