Контакт

Македонија

Таравари: 35 наставници бесправно се избркани од работа

Објавено пред

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тврди дека за само неколку дена 35 наставници биле бесправно избркани од работа.

„Од почетокот на новата учебна година, значи за неколку дена, 35 наставници бесправно се избркани од работа. На нивно место се вработиле луѓе што не се пријавени во Агенцијата за вработување и немаат здравствено и пензиско осигурување, што е спротивно на член 13, став 7 од Законот за работните односи. Ги прашувам бесправно назначените директори од страна на Министерството за образование – кои се овие луѓе што држат настава, а нашите граѓани не знаат кој им ги воспитува и образова моментно децата. Дали тие имаат лиценци и дали ги исполнуваат условите за држење настава?“, истакна Таравари.

Градоначалникот на Гостивар истакна дека веќе е јасно зошто МОН му ги одзеде надлежностите на градоначалникот во областа на образованието.

„Значи, нивната цел била инсталирање партиски војници, кои, како што докажав со аргументи, официјалните документи ги доставуваат во седиштето на партијата. Затоа, ги повикуваме Просветниот инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Обвинителството, а кои претходно ги известивме писмено, да преземат мерки и да видиме кои се луѓето што им држат предавање на гостиварските ученици“, потенцира Таравари.

Тој исто така тврди дека има и проблеми со организиран превоз на ученици во некои основни и средни училишта.

„Одредени принудни директори, кои објавија тендер за јавен превоз, на училиштата: „Исмаил Ќемали“, „Единство“, техничкото и медицинското, сè уште не го завршиле тендерот, само го објавиле, и тоа без да имаат средства во нивниот буџет, а тоа јасно покажува дека моментно учениците останале без превоз. Ние како Општина, иако не сме обврзани, ќе интервенираме со единствена цел да не ги оставиме овие ученици без транспорт“, додаде Таравари.

Македонија

(Видео) Адвокатот на Груевски вели дека нема овластување да го застапува во ,,Талир 2″

Објавено пред

Адвокатот на експремиерот Никола Груевски кој е во бегство, Донче Наков пред денешното судско рочиште за предмерот ,,Талир 2″, рече дека поради тоа што со преземањето на предметите од СЈО во републичкото обвинителство, предметот добил нов број, тој немал полномоштво да го застапува пред судот со таков број.

,,Немам од мојот клиент овластување да го застапувам пред ова јавно обвинителство. За ова дело по овој предмет мора да побарам согласност за да го застапувам мојот клиент”, рече Наков. Тој побара да биде одложено рочиштето.

Адвокатот Еленко Миланов ја оспори стварната надлежност на обвинителството.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека со овластувањето од државниот јавен обвинител е направено примопредавање на истото обвинение кое само има друг број и дека нема законски пречки за водење на постапката.

Судијката Даниела Алексова Стојановска даде пауза за да одлучи за предлозите.

Во „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Според обвинението, тие ја злоупотребиле службената положба и му овозможиле на ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Објавено пред

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија во октомври.

„Се надеваме дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите по Европскиот совет на 16 октомври“, изјави Палмер во интервју за Гласот на Америка.

Тој потсетува дека Европската комисија препорачала отворање на преговорите со Скопје во последните девет или 10 години по ред.

„На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција. Сметаме дека (отпочнувањето на преговорите) би било многу корисно“, вели Палмер.

Северна Македонија, додава тој, се разбира може да помогне во својата кауза, продолжувајќи да ја следи агендата за реформи за спроведување на новиот закон за специјалното обвинителство.

„За тоа прашање во тек се консултативни преговори во Скопје. Ние би сакале да бидеме партнери со владата во Северна Македонија за поддршка на реформската агенда. Би сакале да ѝ помогнеме на таа земја да оди напред“, вели Палмер во интервјуто.

Тој додава дека САД се надеваат дека Северна Македонија ќе оди напред на патот кон НАТО и дека идеално би било земјата да стане 30. членка на Алијансата во декември.

Прикажи повеќе...

Македонија

Есенска акција за генерално чистење на скопските општини

Објавено пред

По повод Светскиот ден на чистењето – 21 Септември, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и Градот Скопје организираат масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Во периодот од 21.09. до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад-стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Садовите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:

Општина Чаир:
– раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ
– раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска
– ул. Ресенска, до ресторанот Фа-Фа

Општина Аеродром:
– бул. Февруарски поход, во близина на супер маркетот „Рамстор“,во близина на автобуската постројка на последна 5-ка
– бул. АВНОЈ број 68 – 74 во непосредна близина на маркетот М
– нас. Лисиче, ул. Димитар Туриманџоски, по полициската станица

Општина Шуто Оризари:
– во близина на Жито Лукс
-спојот меѓу ул.Брсјачка буна и ул.Нов живот, кај Спортската сала
-спојот меѓу ул. Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постројка на последна 19-ка

Општина Гази Баба:
-нас. Автокоманда, ул.Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на Центро)
-ул. Маџари, кај ресторан Далија
-нас.Железара, кај автобуската постројка на последна 16

Општина Бутел:
-ул. Груица Војвода (зад кино Бутел)
-сквер на ул. Хо Ши Мин и ул. Рудо, Бутел 1
-Кај спортската сала Иван Хаџи Николов во Радишани

Општина Кисела Вода:
-ул.Ратко Митровиќ, до Спортската сала
-раскрсница на ул.Христо Татарчев и ул.Дебарска, кај Гет кафе
-Парк Пушкин

Општина Центар:
– спроти Вучко на аголот на улиците Костурски херои и Ул. Борка Талевски
– кај кружен тек во Дебар маало на Ул. Наум Наумовски Борче
– кај Зелен пазар, на паркингот зад Макпетрол, до подземните контејнери

Општина Карпош:
– ул. „Брадфордска“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во Козле;
– ул. „Женевска“, кај автобуската постројка на последна „24“, во Тафталиџе 2;
– ул. „Ванчо Мицков“ бр.50, кај постоечките контејнери на ЈП Комунална хигиена – Скопје

Општина Ѓорче Петров:
-ул.Даме Груев, десно по Ромското маало
-нас. Хром, ул. Воин Д., до спортското игралиште
-нас.Дексион, кај автобуската постројка на последна 5-ка

Општина Сарај:
-на патот за Грчец, кај Халк Банка
-с.Кондово, кај Фурната

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ46 минути

Тракторист загина во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Четириесетиосумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар. Несреќата се...

Македонија49 минути

,,Талир 2″: Ленче Ристоска на судењето дојде без стручeн соработник на СЈО

Обвинителката Ленче Ристоска утрово првпат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО. Таа...

Свет2 часа

Протекоа 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од сајтот „Буре без дно“, дошло до масивно протекување на полициски...

Свет2 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокираше стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокираше стратешки мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет2 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари, по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија3 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија3 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт16 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија19 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија19 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија21 час

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија23 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија24 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ1 ден

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет1 ден

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет1 ден

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет1 ден

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет2 дена

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Досие