Контакт

Македонија

„Таргет-Тврдина“ одложено за 3 ноември поради позитивниот тест на Мијалков

Објавено пред

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ е одложено за 3 ноември поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој е позитивен на коронавирусот.

Бранителот на Мијалков, Љупчо Шврговски, до судот ги достави позитивниот тест и терапијата што му е препишана.

Пред два дена рочиштето за овој предмет беше одложено бидејќи Мијалков развил симптоми на болеста. Подоцна тој во објава на социјалните мрежи ја потврди информацијата коментирајќи – ова е борба со непознат непријател, но нема предавање.

„Максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но, за жал, добив резултат кој вели дека сум позитивен на Ковид-19“, напиша Мијалков.

Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај Милајков, обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Македонија

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

Објавено пред

На 15 јули граѓаните испратија јасна порака, дека државата мора да продолжи на вистинскиот пат, а на тој пат е најсигурно со СДСМ, победите на СДСМ се победи на граѓаните, победи за подобар живот на сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 25. партиски Конгрес.

„Темелите на овие победи ги поставивме уште во 2015 година, преку „Вистината за Македонија“ и најголемиот граѓански протест од 17 мај, 2015 година. Потоа се случи и Шарената револуција, најмасовната и најразнолика форма на граѓански, слободарски отпор против режимот. Во 2016 заедно со сите граѓани урнавме режим! Месеци подоцна, по неуспехот на режимот да спречи демократски промени и неуспешниот државен удар на 27 април, ја добивме честа и одговорноста да формираме демократска влада. Заедно со граѓаните ја вративме слободата и демократијата. До 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Слободата и демократијата се заедничка победа наша, на СДСМ, со нашиот народ. За тоа сме горди и тоа е наш аманет, наша вредност, да ја чуваме и да ја унапредуваме слободата и демократијата.

Убедливо победивме на локалните избори во 2017, во над 50 општини ширум земјава.

Во 2018 година над 610.000 граѓани гласаа ЗА членство во НАТО и ЕУ, ЗА договорот од Преспа, за да одиме напред. 610.000 граѓани тој ден, излегоа од дома и дадома огромна, масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник.

На изборите во 2019 година Северна Македонија доби Претседател, дефиниран и предложен од СДСМ, поддржан од многу политички партии, од сите етнички заедници на државата. Тоа го може СДСМ, тоа СДСМ го прави најдобро, обединува, води напред. И повторно победа, како јасна потврда на курсот по кој ја водиме земјата, како верификација на нашите јасни и изричити евроатлантски и демократски определби.

Победивме на парламентарните избори оваа година, на 15 јули и еве не денес, ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ги предводиме институциите, да работиме во интерес на граѓаните и државата.“ порача Заев.

Тој истакна дека сите овие победи се мотив уште повеќе и уште подобро да се работи во интерес на граѓаните.

„Имаме мотив, имаме волја, имаме и сила и енергија да продолжиме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните

Објавено пред

Лидерот на Сојузот на Ромите и долгогодишен пратеник, Амди Бајрам, сепак, нема да биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, појасни денеска АД Бутел.

Амди Бајрам ќе биде погребан на парцела во муслиманскиот дел од гробиштата.

Сојузот на Роми претходно денеска соопшти дека Бајрам ќе почива во Алејата на великаните, што предизвика реакции на социјалните мрежи.

Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст во Клиниката „Жан Митрев“, официјално од кардиоваскуларни компликации, а Министерството за здравство подоцна соопшти дека по смртта било утврдено дека тој бил позитивен на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бачев испрати писмо до Трамп: Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа

Објавено пред

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември 2020, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денес упати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп во кое ја искажува поддршката од неговата партија. Бачев во писмото вели дека победата на Трамп може да придонесе за спречување на „длабоката држава“ во Македонија да го избрише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

„Моето обраќање до Вас се темели врз едноставна правдина – да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме“, се вели во писмото на Бачев.

Тој понатаму додава дека „длабоката држава“ преку дипломатски претставници на САД со години во Македонија инсталира марионетски влади, назначува претседатели на политички партии, фалсификува избори, но и поставува архитекти за бришење на Македонците од светската мапа на нации. „Длабоката држава“, пишува Бачев,  ја подарува Македонија на Бугарија, Грција и Албанија преку бришење на се што е македонско.

Бачев тврди дека последните избори биле фалсификувани, а активностите на дипломатските претставници на САД во Македонија се во целосна спротивност со заложбите на Трамп за иднината на нациите и државите во светот.

„Македонците веруваат во вас и мислат дека тоа е вистинскиот избор. Македонија со САД ги врзува посебно пријателство. Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа на изборите. Со нетрпение ја очекуваме информацијата за вашата победа на 3 ноември. Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу САД и Република Македонија засновани на принципите кои силно ги промовирате. Знам колку овие прашања се важни за вас и длбоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања“, додава Бачев.

Тој бара од Трамп да го предупреди за секакви пречки за кои гледа дека стојат на патот за елиминирање на „длабоката држава“ и во Македонија.

Бачев го информира Трамп дека Македонците во САД масовно го прифаќаат повикот од Единствена Македонија да гласаат на 3 ноември за неговата кандидатура.

„Денес бројката на Македонци во САД е околу 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е македонски кој уште во 1920-тите бил забележан во американските пописи. Бог да ве благослови, г-дине претседателе. Бог да ја благослови Америка. Бог да ги благослови нациите во светот. И Бог да ја благослови Македонија и сите патриоти во светот“, завршува Бачев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните

Лидерот на Сојузот на Ромите и долгогодишен пратеник, Амди Бајрам, сепак, нема да биде погребан во Алејата на великаните на...

Македонија57 минути

Заев го отвори дигиталниот партиски конгрес: „Даваме пример што значи одговорност за јавното здравје“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина со...

Европа2 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Топ4 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија5 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија6 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија6 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија19 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија22 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион22 часа

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет22 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет1 ден

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија1 ден

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија1 ден

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Досие