Контакт

Македонија

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Објавено пред

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не можам да кажам дека не сум задоволен. Од ова видовме дека колку-толку правдата може да биде задоволена. Се надевам дека друг повисок суд нема да ја преиначи казната, рече таткото на Никола Саздовски, Тони Саздовски.

„На родителите би им порачал да го кажат и третиот осомничен, кој е во бегство, сигурен сум дека знаат. Да не останат нивните деца сами во затворот. За Никола повеќе нема враќање, сите што го знаеа, знаат дека не беше насилник, сакаше да другарува со сите“, рече Саздовски.

Тој исто така рече дека материјалната штета, доколку биде исплатена, ќе биде донирана во хуманитарни цели.

„Другарите на Никола организираат турнир во мал фудбал, се надеваме дека ќе биде традиционален. Парите ќе одат во оваа насока и за други хуманитарни акции. Треба да остане сеќавање за вакви работи повеќе да не се случуваат“, рече Саздовски.

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни минатата година безмилосно го претепаа 20-годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, на автобуската станица во Автокоманда.

Во текот на постапката обвинетите се изјаснија дека не се виновни за смртта на Саздовски. Нивните бранители тврдеа дека смртта не настанала од ударите, туку од падот на Саздовски врз металната кутија што се наоѓала непосредно до местото на немилиот настан. Беља, Демири и Јетон Љужа, кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година, околу 17.45 часот, на булеварот Александар Македонски, во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Македонија

Османи во посета на Државната изборна комисија

Објавено пред

Делегација на Секретаријатот за европски прашања предводена од заменик – претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе се сретне со делегација од Државната изборна комисија, предводена од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.

Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека средбата ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија и е прва од серијата посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори, како дел од европската агенда на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и ветровито со температура до 9 степени

Објавено пред

Утринава е претежно ведро со ниска облачност во централнииот дел и на северозападот. Дува слаб северен ветер најизразен на Ѓуриште – Светиниколско.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода корисниците на улицата „Никола Тесла“ во Карпош

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради поврзување на нова водоводна мрежа од ф-150 мм на ул. Никола Тесла бб, денеска во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Никола Тесла. ( општина Карпош )

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус, ставен e во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија најверојатно се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет37 минути

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија45 минути

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион53 минути

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава4 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија13 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија17 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија18 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија19 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет20 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија23 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија23 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ23 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет24 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет1 ден

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија1 ден

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет1 ден

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Досие