Македонија
Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“
По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата, со реакција се јави Тодор Кулаков, таткото на починатата девојка. Тој им порача на родителите на Јованов дека никогаш немале вистинско каење бидејќи сочувство испраќаат дури по 9 дена од смртта на неговата ќерка.
Мајката и таткото на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, вчера на прес-конференција изразија сочувство поради смртта на младата девојка. Мајката на Васил, Ана Јованова во изјава за медиумите изнесе родителско сочувство, особено до мајката на Фросина бидејќи, како што вели, „само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка во ваква ситуација“.
Според неа, кобната вечер се зацрнија два дома.
Вчера Васил Јованов доби 3 години и 8 месеци затвор од Апелацискиот суд Скопје во второстепена постапка за кривичното дело за кое беше фатен со 80 кесички амфетамин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
