Контакт

Македонија

Тевдовски нема да му биде советник на Заев: „Со крената глава се враќам на Економскиот факултет“

Објавено пред

Драган Тевдовски, кој вечерва беше разрешен од позицијата министер за финасии, на „Фејсбук“ објави дека во иднина повторно им се враќа на ангажманите на Економскиот факултет во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На овој начин Тевдовски практично ја негира вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ќе биде ангажиран како негов советник.

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјата. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите. Најголемата награда за мене за овие две години доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: ‘браво и главата горе’. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со крената глава и целосно посветен му се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски на својот фејсбук-профил.

Драган Тевдовски е еден од министрите што ги зафати најавената метла на премиерот Заев иако неговото име во јавноста не беше поврзано со некој скандал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски со благодарници за алпинистите кои учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина заедно со припадниците на МВР

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

dobivaj vesti na viber

„Имам огромна чест во име на Министерството за внатрешни работи да ги доделам овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец“, потенцираше министерот Спасовски.

Имено, веднаш по добиената пријава во попладневните часови на 08.11.2022 беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот кој почина од при пад од карпа. Притоа, при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово.

На средбата се разменија искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и генерално сите ја потврдија максимата дека силата е во заедничката брза реакција.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Криминалци избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, Спасовски оставка веднаш

Објавено пред

Оливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието. Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.

Стоилковски истакна дека медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР се уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба!

Тој ги повика професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот.

Според Стоилковски, Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија.

Оттука, ги повикувам и новинарските и медиумските здруженнија да се охрабрат и да реагираат во заштита на новинарите и медиумите коишто ја пренесоа информацијата за Арачиново. Во моментов ништо не е поважно од ставање крај на бандитизмот, а додека Оливер Спасовски е на чело на МВР тоа е невозможно, изјави Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во Скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

„Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во Скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет22 минути

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет38 минути

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион59 минути

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар даде целосна поддршка на евроатлантските интеграции на...

Економија3 часа

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ3 часа

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија3 часа

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет3 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет3 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет3 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија20 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија21 час

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија21 час

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија22 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа23 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет1 ден

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...