Контакт

Македонија

Тековен сообраќај по суви коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија

Филипче ја посети болницата во Куманово каде 18 вработени се заразија со коронавирус

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите, откако 18 вработени во оваа установа се заразија со коронавирус.

На состанокот со менаџментот министерот оценил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

„Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени“, информираат од ресорното министерство.

Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај оние кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.

Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано.

Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспекциите во здравствените установи не забележале неправилности при користењето на заштитната опрема

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека согласно заклучоците на Владата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 30 март до до 5 април извршил вкупно 91 инспекциски надзор од кои 79 во Јавни здравствени установи (ЈЗУ) и 12 во Приватни здравствени установи (ПЗУ).

При надзорот направен бил увид по однос на опременост на здравствените установи со лична заштитна опрема, како и користење на истата за време на работењето со пациенти.

„Сите се опремени со доволни количини на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, капи, мантили за еднократна употреба, визири, каљачи. Здравствените установи за болничко лекување имат обезбедено и скафандери за еднократна употреба. Обезбедени се и се користат средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенси за раце“, информираат од ресорното министерство во однос на резултатите од надзорот.

Од таму додаваат и дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на медицинскиот персонал.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Градот Скопје ја намали фирмарината

Објавено пред

Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот Ковит -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот, Советот на Град Скопје донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје започнувајќи од 1.1.2020 година.

Со измените и дополнувањата се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.

„Поради наведеното, ги известуваме сите таксени обврзници кои сè уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ:
а) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност 1.300,00
б) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ 350,00
в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите 4.000,00
продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите, 2.000,00
деловни простории на правни лица од комуналните дејности 2.000,00
деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено 2.000,00

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, од градот велат дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.

Град Скопје исто така напоменува дека во времетраење на вонредната состојба нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Македонија2 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ3 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија3 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија3 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ4 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа5 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет6 часа

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет6 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија16 часа

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет18 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија19 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија22 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет23 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија24 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ1 ден

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија1 ден

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион1 ден

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Досие