Македонија
Тетовци цртаа врз дупките на улиците за да ја подигнат свеста: „Граѓаните трпат штети, Општината нема слух“

Mлади активисти од Тетово направија акција со цел да укажат на ударните и најкритични дупки на улиците во градот. Ваквите места ги обележаа со цртежи на сите градски патишта за да ѝ испратаат порака на Општината.
Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат за некоја нова дупка во градот, велат активистите.
Додаваат дека граѓаните секојдневно страдаат од штетите предизвикани од дупките, а Општината нема слух за ова прашање.
Акцијата е изработена етапнo и секвенцијално од страна на повеќе автори.
Акцијата наречена „Започна санација на најкритичните дупки“ во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија.
Пратката попладнево ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.
„ Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје“, изјави министерот Филипче.
Тој најави дека очекува од среда да почне вакцинацијата, додавајќи дека се завршени сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.
Тој речеч дека се очекуваат 200.000 дози кинески вакцини од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „спутник В“, се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астразенека“ вкупно 2 200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.
Македонија
Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан, на средби со Ди Мајо и Галагер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Италија и Светата Столица.
Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе се сретне со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и состанок со членовите на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на Парламентот, предводени од претседателот на Комисијата, Пиеро Фасино.
На средбите се очекува да бидат отворени прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на Европската унија, и во тој контекст, поддршката од страна на Италија за почеток на преговорите на Северна Македонија. Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатено продлабочувањето на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.
Истиот ден, Османи ќе ја посети и Светата Столица каде ќе има средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер. Покрај можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица во области од взаемен интерес, а ќе се разговара и за теми засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовно традиции.
Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе се сретне и со претставници на здруженијата на нашата дијаспора, активни во Италија, со кои ќе размена информации за темите од нивен интерес, за нивните потреби, но и идеи. Во фокусот на овие средби ќе биде и пописот на нашите граѓани во странство, и начините за анимирање на што е можно поголем дел од дијаспората во овој процес.
Македонија
Сончвево со мала облачност и температури до 13 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“