Контакт

Македонија

Тимот на Сиљановска обвинува дека СДСМ преку апликација прибирал лични податоци на граѓани

Објавено пред

Со помош на апликација за смарт-телефони за оперативен систем андроид, СДСМ прибирал лични податоци на граѓани, обвини денеска Горан Момировски, кој рече дека информацијата ја добиле од  таканаречен свиркач, кој испратил документ до член на тимот на кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова.

„Според независни ИТ-експерти кои ги консултиравме, постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата што е поставена на сервисот за апликации на Гугл плеј, а која е направена од страна на владејачкиот СДСМ се прибираат лични податоци и мета-дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата“, рече Момировски и додаде дека со оглед на тоа што се работи и за следење на животите на граѓаните и скалдирање лични податоци, фотографии и видеа на граѓани овој скандал може да се нарече „Големото око“.

Дополнително, како што истакна, апликацијата се користи од членови на СДСМ коишто со нејзина помош добивале целосен увид во интернет-активностите на сите граѓани.

„Преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта. Според документите што ги добивме, имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација, односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес. Им сугерираме на сите граѓани веднаш да ја избришат апликацијата преку којашто една партија има целосен увид во приватниот живот на граѓани. Апелираме до граѓаните да одбијат да разговараат со теренските екипи на СДСМ коишто од нив бараат каков било податок“, додаде Момировски.

Тој рече дека сите релевантни институции коишто имаат ингеренции на ова поле го добиле материјалот и документот е доставен до Јавното обвинителство, ДИК, Комисијата за заштита на лични податоци, странски институции и организации и амбасади, ОБСЕ, ОДИХР, МВР оддел за компјутерски криминал. Најави дека ќе бидат информирани и низа други меѓународни организации во Брисел, во САД, европски членки и НАТО.

Од Јавното обвинителство бараат да преземе итни мерки за спречување на уништување на доказите. Бараат ЈО да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата, да направи увид и конфискација на серверот во Социјалдемократскиот сојуз со цел да се утврди фактичката состојба којшто говори документот.

„По сите претходни скандали од овој тип не научивме дека изборите се празник на демократијата, а не можност за тешки злоупотреби на човековите права. Не очекуваме овој скандал да ја наруши победата на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, но, за жал, овој скандал може да влијае негативно на можноста за добивање  датум за преговори со ЕУ, нешто што е главна цел на македонските граѓани. Поради сензибилноста на случајот не би сакал да дадам одговори на ваши прашања, во очекување на реакциите од сите македонски институции, пред сè на ЈО“, истакна Момировски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Претпладне облачно со услови за дожд, попладне намалување на облачноста

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено по должина на Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено по должина на Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Медицинските работници и здравствените капацитети во целосна мобилизација – никој нема да остане без здравствена заштита

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, по деветтата седница на Советот за безбедност за актуелната ситуација со пандемијата на Kовид-19 во земјава, на новинарско прашање истакна дека целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација.

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники. На списокот на лекари, на медицински сестри практично се сите вработени лекари, медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Најпрво, со оглед на тоа што модуларната болница е речиси исполнета, во Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките на повеќе интерни клиники. Во Клиниката за дерматологија, Клиниката за неврологија, којашто има пристап до централен довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и  кадарот е целосно ставен во истата ситуација, мобилизација како тука во Клиничкиот центар“, потенцираше Филипче.

Тој рече дека дополнителни одделенија веќе се спремни и во Градската општа болница „8 Септември“ има доволно болнички легла, кадарот е спремен да работи со пациенти со Ковид-19.

„Граѓаните треба да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без лекарска услуга. Дозволете да апелирам да се почитуваат новите мерки. Вчера се изгласа измената на Законот за заштита на населението од заразни болести, мерките коишто се сега на сила се мерки коишто се практично имплементирани во цела Европа. Ограничениот капацитет на пополнување во јавниот превоз, задолжителното носење маски на отворено, понатаму затворањето на угостителските објекти по 23 часот, препораката да се работи од дома и онлајн е нешто што доколку се почитува може сериозно да ја намали трансмисијата на вирусот“, изјави министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можности да го спречи изборот на Кацарска за уставен судија

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можности согласно Уставот, закон и Деловникот за работа на Собранието да го спречи изборот на Кацарска за избор на уставен судија.
Кацарска е судија на кој Уставен суд ѝ поништил одлука, таа е извршител и џелатот на власта. Кацарска е негативен пример за кој пишуваа универзитети од САД, таа не може и не смее да биде уставен судија, изјави Ели Панова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Панова, со предлогот Кацарска да биде уставен судија само се заокружува договорот помеѓу власта и Кацарска.

„Таа требаше сите неистомисленици да ги осуди на максимална казна, а за возврат да биде избрана за уставен судија. Кацарска не е ниту морално, ниту стручно соодветна за да биде уставен судија. Нејзината номинација е благодарност и оддолжување од трас-трас ‘луј витон судството’ на власта, поради извршувањето на нарачките за драгонски казни. Кацарска значи неправда, а нејзиниот избор значи целосна контрола на власта врз Уставниот суд.

Во свое гостување во телевизиска емисија, во телевизијата на сега веќе осудениот Боки 13, сама кажа дека е комуњарка.

Кацарска беше дел од предметот „Поткуп“ во кој Зоран Заев беше фатен со видео и аудиоснимка како зема поткуп, предмет во кој таа снимка не се призна за доказ, а Заев беше ослободен.

Добрила Кацарска јавно се постави како портпарол на СДСМ во време на кампањата за Парламентарните избори 2020, кога за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше дека застанал на страната на криминалот и бранел криминалци, затоа што партијата искажала критика за нејзиното работење. Апсолутистот Луј 14 рекол „Државата, тоа сум јас“. Кацарска, извршителот власта, егзекуторот на одлуките на Бихаќка вели: „Правдата, тоа сум јас“.

Зошто Кацарска не може да биде уставен судија говори и фактот што таа не го почитува Уставот. Кацарска е судија на кој Уставниот суд ѝ поништил одлука. Судија кој не го знае и почитува Уставот не смее да биде уставен судија. Дополнително Комисијата за заштита од дискриминација утврди во повеќе наврати дека судијата Добрила Кацарска повредувала основни човекови права.
Кацарска е судија која не ги почитува жените.

Противуставните одлуки на Кацарска станаа предмет на интерес и на најврвните универзитети во светот, како Универзитетот Колумбија од САД, кој пишува за Добрила Кацарска како судија кој го прекршил Уставот и Европската конвенција за човекови права. Само во Северна Кореја и некои африкански племиња за уставен судија би се избрал некој кој го прекршил Уставот и човековите права, потврдено со одлука на Уставен суд. Но за власта тоа не е проблем.

Поставувањето на Кацарска за судија во Уставен суд е исто иста како одлуката Зоран Заев, трипати аболициран, да раководи со советот за реформи во правосудството. Или на Лидија Димова да ѝ се даде да биде министерка за финансии. Или најпрецизно, како на Катица Јанева да ѝ се дозволи да биде министерка за правда.

Кацарска држеше маратонски рочишта секој ден во неделата пред промената на името во случајот во кој имаше 5 обвинети пратеници, од кои тројца гласаа за промена на името и добија амнестија. За на крај својата пресуда, со која на 211 години затвор осуди луѓе за измисленото дело тероризам, да ја темели на исказите на докажаниот криминалец и лажен сведок на суд Александар Василевски – Нинџа, кој 4 пати го менуваше исказот за 27 април искажувајќи бројни лаги и измислици. Кацарска не им веруваше на сведоци под заклетва, туку на заколнат криминалец.

Кацарска со драгонски казни со прекршување на законите ги осуди и Јанкулоска, Талевски, Поповски и многу други кои не се истомисленици со власта.

Поставувањето на Кацарска во Уставен е само продолжување на праксата на СДСМ. Секогаш кога СДСМ е на власт, за судии во Уставен суд бира луѓе од многу голема доверба за самиот врв, како што на пример беше и судијката Габер-Дамјановска.

Овие судско-обвинителски кланови мора да станат минато“, порача Панова.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија2 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија3 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија3 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија5 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија7 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија7 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет7 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија9 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија9 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет9 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија10 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија10 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа20 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија20 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија21 час

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија22 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет24 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија1 ден

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија1 ден

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Досие