Контакт

Македонија

Тодор Петров: Мора да падне режимот од Муртино

Објавено пред

Мора да падне режимот од Муртино, порача Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес на протестот пред Собранието против уставните измени. Тој рече дека СМК поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.

„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието и амнестија за 27 април“, рече Петров.

Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.

Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ново рочиште за „Монструм“, ќе бидат пуштени бомби за случајот

Објавено пред

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски влегоа на судењето за предметот „Монструм”. Фетаи не одговори на новинарските прашања, само прокоментира дека предметите од СЈО со овластување ги презело Јавното обвинителство.

„Борбата за правда продолжува”, рече Фетаи.

На денешното рочиште треба да бидат пуштени бомбите за случајот „Монструм”. Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Прикажи повеќе...

Македонија

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Објавено пред

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“.

Протестот ќе се одржи пред Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден за пауза од 11 до 11.30 часот.

„Ова е „жолт картон“, ако не се промени нешто и не се подобрат условите во кои работиме, а работиме во субстандардни услови, ние уште под закана од тупаници да носиме одлуки за нечиј живот, тоа го нема никаде. Затоа реагираме дека сме мета на определени општествени структури кои револтот го насочуваат кон здравствениот персонал. Ние немаме спонзори, ова е од ентузијазам, со цел да се подобри статусот на здравствениот персонал. Ние сме волонтерско здружение, кое има желба за подобро нешто“, велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температури до 35 степени

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево, а преку денот и понатаму многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири по должина на Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 27 до 35 степени. Поради високите температури утре на југоистокот ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Во Скопје утре претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе почне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 29 степени.

В четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. В петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Македонија48 минути

Ново рочиште за „Монструм“, ќе бидат пуштени бомби за случајот

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски влегоа на судењето за предметот „Монструм”. Фетаи не одговори на новинарските прашања, само прокоментира...

Македонија2 часа

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е...

Свет2 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија,...

Свет2 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет14 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт15 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион16 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија17 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија19 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија20 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија20 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија21 час

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија24 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет1 ден

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија1 ден

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Досие