Контакт

Македонија

Толковниот речник на македонскиот јазик достапен и во електронска верзија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска ја промовира дигиталната платформа makedonski.gov.mk, на која е поставен Толковниот речник на македонскиот јазик на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ со над 100 илјади зборови.

Според него, makedonski.gov.mk е веб-платформа за негување на македонскиот јазик, која Владата, како што рече, ја промовира точно на денот на македонскиот јазик во рамките на Програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

„На веб-платформата, на која е поставен Толковниот речник на македонскиот јазик со над 100 илјади зборови, набргу ќе биде поставен со истите можности на интерактивност и Правописот на македонскиот јазик, со што го подигаме степенот на дигитализација на правописот на начин каков што беше предвидено уште во првичната идеја. Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Северна Македонија, нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и другите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет“, рече премиерот.

Ова, како што истакна премиерот, ќе овозможи да си го негуваме јазикот, но и да го проучуваме подобро и побргу од кога било.

Според него, во наредната фаза планирана е и надградба на веб-платформата со можност за автоматизирано поврзување на сите што сакаат да го користат Толковниот речник за развивање на свои софтвери и апликации. Со други зборови, како што информира, Владата ќе им ги стави дигиталниот материјал и кодот на Толковниот речник на располагање на истражувачите, компаниите и на програмерите што развиваат софтвери за да може да креираат корисни апликации, кои ќе ја олеснат употребата на македонскиот јазик, ќе ја направат поинтересна и ќе придонесат во развојот на јазикот.

„Огромно е значењето на Толковниот речник за македонскиот народ. Тој претставува историско научно остварување со кој се потврдува дека Македонците се народ со богата лексика, со долга јазична традиција и многу богато лексичко наследство, кое не може да се оспори“, истакна Заев.

Македонија

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Објавено пред

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој порача дека граѓаните е важно да се вакцинираат бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот. Филипче најави забрзан процес на вакцинација кон крајот на месецов.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот регистриран на 7. јуни.

Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата. Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре претпладне сончево, а попладне пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Божиновски: Куманово 30 години е заложник на СДСМ, урбанистички хаос без развој и без капитални проекти

Објавено пред

Општина Куманово и кумановци 30 години се заложници на СДСМ и неговите локални властодржци. Наместо развој на градот, сведоци сме на целосен застој предизвикан од неодговорното и криминално работење на властите. Денеска градот е типичен пример на „заевизмот”, обвини Игор Божиновски, од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Години наназад изговор за катастрофалната состојба во Општина Куманово се наоѓаше во централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, сега по 4 години централна власт на СДСМ кој е виновникот? Зошто Куманово се уште не личи и не функционира како што прилега на најголемата општина во државата? Кој е изговорот сега, освен вашата неспособност и реализирање исклучиво на личен и партиски интерес.

СДСМ има апсолутна власт во Куманово. Денеска во 2021 година со искрено жалење можеме да кажеме дека нашата општина е под целосна контрола на СДСМ, поточно на една помала група која безмилосно владее на штета на сите граѓани.

Затоа во Куманово не можеме да видиме изградба на ниту еден капитален проект, стратешко урбанистичко планирање, одржливи сообраќајни решенија, долгорочни еколошки политики, единствено што може да се забележи се кампањските шминкања пред изборите кои моментално се случуваат во општината“ изјави Божиновски.

Тој нагласи дека нема ништо од ветените две детски градинки, ново основно училиште, нов цевковод Липково Куманово, со кој, како што рече, требаше на долг рок да се реши проблемот со водоснабдување, петте катни гаражи во градот со кој требаше да се реши проблемот со паркирањето, и ветениот, а за жал нереализиран Генерален урбанистички план за општината.

„ Замислете општина како Куманово во која со децении владее СДСМ нема ГУП и затоа во градот владее урбанистички хаос. Златно правило на СДСМ во Куманово е да се остави со години да пропаѓа целата инфраструктура во општината, за да неколку месеци пред локалните избори да отпочне шминка чија крајна реализација е незначителна и нема реално влијание во подобрување на животот на граѓаните.

Граѓаните не се задоволни од работење на СДСМ, не се задоволни од 0 реализација на ветеното во изборната програма, незадоволни се од залудно потрошените 4 години, незадоволни се од празни зборови и неизброени лаги“ рече Божиновски.

Според него, повеќе од јасно е дека Куманово со СДСМ нема перспектива.

„ ВМРО-ДПМНЕ верува дека во нашата општина има сили и волја, конечно да излеземе од поданичкиот статус во кој не држи СДСМ цели 30 години. Оваа година исклучително ќе биде важно, сите заедно да ставиме крај на децениското пропаѓање на општината. Останаа уште неколку месеци до денот кога Куманово ќе отвори нова страница, без реваншизми и задкулисни игри, најдостоинствено, со заеднички сили и добри намери ќе ја градиме нашата општина“ додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

(Видео) Силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, наредена итна евакуација

Неколку детонации се слушнале вечерва во Чачак, по екплозија во фабриката „Слобода“, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, во инцидентот полесно...

Македонија5 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ6 часа

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија8 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија9 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт12 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет12 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија13 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион13 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ1 ден

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет1 ден

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт1 ден

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија1 ден

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија2 дена

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион2 дена

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт2 дена

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие