Контакт

Македонија

(Видео) Тони Трајковски дојде на судењето за „ТНТ“

Објавено пред

Ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, сам дојде на рочиште за предметот „ТНТ“, без полициско спроведување. Неговиот адвокат Јовица Страшевски вчера тврдеше дека Трајковски нема добиено покана, па затоа не дошол на судењето. Потоа, по завршување на работното време на судот, преку соопштение ги извести медиумите дека Трајковски нема покана ни за денешното рочиште.

Претходно, Трајковски не се појавуваше на судењата за „ТНТ“ бидејќи тврдеше дека бил натепан, па потоа поради лекување на повредите. Судијата Огнен Ставрев вчера побара Трајковски да биде стражарно приведен.

Судењето вчера беше одложено затоа што Трајковски не се појави на судењето.

Македонија

Царовска: Со квалитетно образование до превенција и спречување на насилство врз девојчињата и жените

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на „16 дена активизам“, рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Царовска која е и долгогодишна активистка во борбата и јакнењето на женските права, рече дека Владата, но и Министерството за образование и наука посветено работат на искоренување на насилството врз жените и девојчињата, а тоа се прави во сите сегменти во општеството и низ образованието.

„ Моите лични заложби, но и заложбите на Министерството за образование и наука се низ образовниот процес да создадеме ненасилно однесување на новите генерации, да го искорениме насилството во каква и да е форма од нашето секојдневие и да поттикнеме толеранција и почит. На ова веќе посветено работиме со укинување на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување и преку воведување на нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите”, рече Царовска.

Министерката истакна дека големо позитивно влијание на сето ова ќе има и воведувањето на сексуалното образование во основното образование, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

„ Како Влада изминатите години направивме многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Почнувајќи од ратификација на Истанбулската конвенција, до засилување на мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество.

Затоа, денес ве повикувам никогаш да не премолчуваме насилство, да делуваме во име на сите оние на кои им треба нашата помош. Да одговориме на предизвикот кој го нарушува најсветото – безбедноста и сигурноста на секој од нас. Портокаловата е само боја се додека не прерасне во симбол, во заедничка заложба. А, за тоа сме потребни сите. Да пријавуваме насилство, да подадеме рака, да помогнеме”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одложено првото рочиште за „Моќник“ поради коронавирус

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, обвинет во случајот „Моќник“ кој се однесува на продажба на имот, во село Ижишта, сопственост на Македонски Брод, по првото рочиште кое беше одложено, рече дека обвинението е компромитирано. Според него, случајот е политички мотивиран, а Обвинителството нема издржани докази. Првото рочиште беше одложено бидејќи дел од обвинетите и адвокатите доставиле решенија со кои им е одредена самоизолација поради коронавирусот.

„ Станува збор за политички мотивиран случај. Обвинението е компромитирано, тоа е почнато како истрага Катица Јанева, која видовме дека се занимавала со рекетирање. Го продолжува нејзината другарка Фетаи, која ДЗР утврди дека незаконски земала 87 илјади денари хонорари. Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата и очекувам, Обвинителството да го користи аргументот на силата. Ние ќе користиме докази, за да докажеме дека станува збор за правно неоснован случај. Обвинението ако го прочитате ќе видите дека е паушален и без издржани докази. Затоа сметам дека станува збор за политички мотивиран случај. Јас не би го коментирал судот, само Обвинителството. Кои се нашите најсилни аргументи ќе кажеме на самите рочишта“, рече Милошоски по првото судење.
Освен пратеникот, во случајот се обвинети уште 12 лица. Милошоски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања и измама. Прво и второобвинети во случајот се таткото пратеникот Милош Милошоски и ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески.

Според обвинението, Милошоски се товари дека како пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

„ Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од обвинителство“, стои во обвинителниот акт

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Според Спасовски, родово базираното насилство кое што, од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејно насилство, е предизвик со којшто сите модерни општества сериозно се занимаваат. Притоа, како што потенцираше министерот за внатрешни работи, од исклучителна важност е сеопфатниот мултисекторски пристап во решавањето на овој ни малку занемарувачки проблем, што е потврдено и од фактот што ова е тема која, особено последниве две декади, е високо поставена во агендата на активности на ООН, како суштествена во натамошното етаблирање и заштита на родовите права, особено на правата на жените.

„ Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција. Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство“, посочи Спасовски, додавајќи дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ поради ризикот проблемот да добие нагорни тенденции.

Министерот за внатрешни работи предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција, преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Според него, координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.

„ Репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно делување, како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем и оваа кампања, што денеска стартува, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи министерот Спасовски во обраќањето на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура53 минути

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе и обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата коишто се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа2 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет2 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија2 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации,...

Регион2 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа3 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет3 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет4 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет4 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет4 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет4 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија16 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет17 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет17 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија17 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа18 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет19 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт19 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ19 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Досие