Контакт

Македонија

Тошковски за тендерот за униформите: Се фокусиравме на квалитетот и цената, нема неправилности

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности.

По обвинувањата од опозициската СДСМ дека тендерот го добиле две фирми, од кои едната со двајца вработени, а другата отворена 20 дена пред постапката, Тошковски образложи дека нивната логика е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап.

Премногу строги критериуми, вели Тошковски, често ги елиминираат малите и средни претпријатија, кои во Македонија се најконкурентни и често можат да понудат најдобри цени. Наша цел, додава министерот, е да добиеме најдобар квалитет по најповолна цена, а тоа го постигнуваме со овозможување на поширок круг на понудувачи.

„Законот за јавни набавки не предвидува исклучување на фирма само поради тоа што е новорегистрирана или има помал број вработени и ние целосно постапуваме согласно неговите одредби“, дециден е Тошковски.

Министерот појасни и дека МВР нема склучено договор за директна, еднократна исплата на наведената сума одеднаш, туку склучена е рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години.  Самата рамковна спогодба, вели тој, не предизвикува директна финансиска обврска за Министерството, односно финансиски обврски се преземаат само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите.

„Наместо само на историјат на понудувачите, ние се фокусиравме на она што е најважно, реалниот квалитет на производот. Затоа, клучните услови беа задолжителна достава на мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач мораше да достави примероци од униформите и делови од униформа, а мострите беа предмет на лабораториски анализи и испитувања од независни акредитирани лаборатории. Важно е да се нагласи и дека техничките спецификации за униформите и нивните делови се уредени со Правилник кој е јавно објавен во Службен весник. Тоа значи дека тие се стандардизирани и нема можност за какво било влијание врз нивната содржина, што обезбедува еднаков пристап за сите економски оператори“, се вели во реакцијата.

Покрај квалитетот, како што се додава, клучен фактор е и цената. Анализата покажала дека разликата помеѓу највисоката и најниската понудена цена во постапката е 14,4 отсто за дел 1 и 27,9 отсто за дел 2 од набавката, што ја потврдува конкурентноста на тендерот и добиените поволни цени.

Во врска со тоа дека обвинувањата доаѓаат од СДСМ, Тошковски рече дека токму тие што ги оставија полицајците без униформи, принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од пензионирани колеги имаат образ да зборуваат за наводни криминални тендери.

 

Најново

Црна хроника27 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија30 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија34 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија45 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт47 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет1 час

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет1 час

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија2 часа

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...