Македонија
Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор
Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот посочи дека МВР одлучно ќе одговори против сите коишто ќе се обидат да го погазат достоинството на граѓаните на Македонија, без оглед дали станува збор за сквернавење на државен симбол на Македонија или на која било соседна земја.
„ Во текот на првиот ден, при самата прослава уапсивме осум луѓе. Од тие тројца завршија во притвор за палење на македонското знаме. Наредниот уапсивме уште тројца во Прилеп за палење на албанското знаме. Уапсивме едно лице во Куманово за корнење на државен симбол на Република Србија. Исто така приведовме едно лице во Кичево за корнење, буткање и на македонското и албанското знаме. И во текот на вчерашниот односно преквчерашниот ден уапсивме уште едно лице коешто беше фатено како го пали албанското знаме во Скопје и информиран сум дека од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор и нему“, рече Тошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );
Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);
Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);
Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);
Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);
Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).
Македонија
Променливо облачно време со минимални температури до -1
Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.
Скопје
Дел од Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека:
– Поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80“ на улицата Максим Горски бб (кај Мепсо) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од Орце Николов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.