Контакт

Македонија

Транзит и краткорочен престој во Украина од 90 до 180 дена без виза

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и амбасадорот на Украина во земјава, Наталија Задорожњук, потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји.

Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза.

Оваа спогодба се очекува да даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот.

На средбата што следеше по потпишувањето на спогодбата беа потврдени традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и Украина, а стана збор и за актуелни прашања од заемен интерес, се наведува во соопштението.

Македонија

(Видео) Пендаровски пречекан во Србија со највисоки државни почести

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски утрово во 10:30 часот пристигна во „Палата Србија“. Со интонација на македонската и на српската химна, претседателот ја почна официјалната посета на Србија.

На платото пред „Палата Србија“ го пречека претседателот Александар Вучиќ и по поздравот од гардата влегоа на тет-а-тет средба.

Следува пленарна средба меѓу делегациите на двете земји, а предвидено е претседателот Пендаровски, освен со српскиот колега Вучиќ, денес да се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ.

Во рамки на официјалната посета, Пендаровски ќе се сретне и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж, и стопанственици од Република Србија.

Утре, пак, во Нови Сад е предвидено да учествува на 4. Регионален младински форум.

Прикажи повеќе...

Македонија

Европска недела на тестирање за ХИВ: 35% од луѓето со ХИВ не се свесни дека го имаат вирусот

Објавено пред

Од 22 до 29 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“ се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ кон која, веќе шеста година по ред, се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

ХЕРА е само една од над 750 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ-тестирање со цел да се зголеми пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка.

Денес, соопшти ХЕРА, се проценува дека во нашата држава 35% од луѓето со ХИВ не го знаат својот ХИВ-позитивен статус, односно не се свесни дека се ХИВ-позитивни.

„Подобро е да се знае својот ХИВ-статус што поскоро, затоа што денес со терапијата за ХИВ, која е достапна и кај нас, луѓето со ХИВ може да живеат квалитетно и долго доколку се дијагностицирани навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман. Редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот, бидејќи луѓето кои редовно примаат терапија, имаат недетектибилно ниво на вирусот, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и доколку не се користи заштита, односно кондом. Затоа е толку важно навременото тестирање“, велат од ХЕРА.

Во рамки на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, од денес до следниот петок во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 17 до 21 часот и за време на викендот од 11 до 15 часот. За подетални информации, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Европската недела на тестирање за ХИВ започнува денес, со настанот „Минус или плус – се живее со секој статус“ со почеток во 19 часот во кафе-бар „Котур“. Настанот е од отворен карактер, а ќе се состои од проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ и разговори околу нормализирање на разбирањето за ХИВ денес.

Дали треба да направат ХИВ-тест и други информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ, граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација Направи ХИВ-тест. Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со средно образование станал наставник во Липково

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.Р.(62) и М.Ш.(55), двајцата од селото Матејче и против Т.Е.(37) од селото Ропаљце, општина Липково, поради злоупотреба на службена положба и овластување.

„Џ.Р., поранешен ВД директор на ОСУ ‘Култура’ од с. Матејче, распишал оглас во 2015 година за пополнување на работно место наставник во подрачно училиште во состав на ОСУ ‘Култура’, пришто вработил лице кое имало завршено средно образование, на штета на АРМ, која ги исполнувала бараните услови“, велат од МВР.

Притоа, како што информираат од полицијата, тој во периодот од 1 септември 2015 изготвил договор за вработување на определено време со висина на плата од 19.800 денари месечно, кој бил продолжуван до 31 август. По истекување на овој договор, М.Ш., директор на ООУ „Култура“ во с.Матејче, продолжил со изготвување нови договори, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.05.2019 за работа во ООУ „Култур“ с. Матејче – подрачно ОУ „5 Октомври“- с.Никуштак, кое е нов правен субјект и нема надлежности за склучување  договори за вработување. Т.Е., в.д. директор на ООУ „5 Октомври“ – с.Никуштак, премолчувајќи го фактот дека неговиот вработен како наставник по одделенска настава бил со несоодветно образование, му дозволил да работи во училиштето, а договорите за вработување на определено време да ги изготвува М.Ш, како директор на друг правен субјект“, велат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

(Видео) Пендаровски пречекан во Србија со највисоки државни почести

Претседателот Стево Пендаровски утрово во 10:30 часот пристигна во „Палата Србија“. Со интонација на македонската и на српската химна, претседателот...

Регион60 минути

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион1 час

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет3 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет3 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија4 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија5 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија15 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија17 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија17 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија19 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија20 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија23 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија1 ден

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија1 ден

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија1 ден

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија1 ден

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет1 ден

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет1 ден

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Досие