Контакт

Македонија

Трговските центри незадоволни, бараат да се укине забраната за влез на невакцинирани

Објавено пред

Трговските центри и трговците се незадоволни од одлуката на Владата да забрани влез на невакцинирани лица во објектите. Тие велат дека со ваквата мерка профитот им е намален и сметаат дека Владата треба да најде поинакво решение за да ги мотивира луѓето да се вакцинираат против коронавирус.

„Се најдовме во сосема друга, непосакувана ситуација. Се доживуваме како казнети, а реалноста е дека трговските центри се речиси празни. Нашите трошоци и загуби растат од ден во ден, а бројот на вакцинирани, за жал, расте со мала стапка. Затоа, ве замолуваме за поразличен пристап, каде ќе се обидете да ги разбереме граѓаните, да се обидете да разберете што стои зад ниските стапки на вакцинацијата во државата и да се обидеме да најдеме и друго, поефикасно решение, што ќе има поголемо влијание и ќе ги мотивира за промена на ставот“, се вели во дописот до Владата.

Трговските центри бараат што поскоро укинување на рестрикциите за невакцинираните граѓани и што поскоро наоѓање друго, алтернативно решение.

„Нашата молба е во суштина повик за помош и разбирање и е оправдана со нашите реални потреби и проблеми – ако ваквата ситуација продолжи и ако функционираме со драстично намален број на посетители, голем дел од трговците и брендовите ќе бидат принудени да ги затворат своите бизниси, што драстично ќе влијае на голем број вработени и нивните семејства, за кои секојдневната егзистенција ќе стане сè потешка и потешка“, се вели во дописот.

Во него се апелира до Владата да се лоцира проблемот надвор од трговските центри и да се работи поодговорно и поинтензивно на стапката на вакцинирани, а не да се доведуваат трговците и вработените во незавидна положба.

Македонија

Маричиќ-Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, на која се разговараше ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава.

Маричиќ на високата гостинка и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во Министерството за правда, а се во насока на реформа во правосудството. Дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ-интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.

На средбата се разговараше и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Велјановски: Заев ги стави во ист кош модуларните болници и терасите на кафеаните

Објавено пред

Трагедијата  што се случи во модуларната болница во Тетово и жртвите коишто ги зеде истата Зоран Заев, без око да му трепне, ги стави во ист кош со градба на тераси и кафеани, истакна Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според него, Зоран Заев вчера по којзнае којпат покажал дека за него загубата на човечки животи не значи ништо. Тој и неговата банда, вели Велјановски, продолжуваат да се однесуваат како ништо да не се случило.

„Имено, Зоран Заев вчера изјави, цитирам ‘Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници’. И замислете, за ваква изјава тој сè уште не е повикан во Јавното обвинителство. Во секоја нормална демократска држава Зоран Заев по ваква изјава од позиција на премиер на истата ќе беше повикан во Јавното обвинителство и ќе беше отворена истрага против него, но и против целата Влада која е дел од процесот на поставување на модуларните болници“, рече Велјановски.

Во однос на изјавата на Заев дека прашањето за морална одговорност и негова оставка станало банално, Велјановски рече дека не е банална ниту несреќата, ниту барањата за оставки, туку банален е Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вчера се вакцинирале над 12.000 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а две дози примиле се 690.806 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вчера се вакцинирале над 12.000 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Регион2 часа

Србите побројни на протестите, им носат храна и вода

Бројот на Срби собрани утрово на преминот Јариње е значително поголем од вчера, пренесува репортерот на „Косово онлајн“. Луѓето што...

Македонија3 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија3 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет4 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион4 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет5 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија5 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет16 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет17 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија21 час

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија23 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија23 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет1 ден

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија2 дена

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет2 дена

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија2 дена

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија2 дена

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Досие