Контакт

Македонија

Трендафилов обвини дека му ги следат децата, ВМРО-ДПМНЕ му одговори да не глуми жртва на политички прогон

Објавено пред

Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, денеска остро реагираше по објавеното видео со неговите деца од страна на пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО – ДПМНЕ. Тој изјави дека нема да дозволи, како што рече, монструмите кои седат во пратеничките клупи и кои снимаат малолетни деца да го заплашат и ги повика надлежните да го решат случајот.

„Нема да потклекнам. Нема да се предадам сѐ додека не ги зголемат работничките плати. Но ќе дозволите да зборувам за монструмите оние кои не се под детските кревети, туку оние кои седат во пратеничките клупи, кои снимаат малолетни деца. Монструмите не се само на телевизија, тие се околу сите нас. Министерот за внатрешни работи и обвинителството треба веднаш да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојаноска. Истата Дафина која некои ја знаат како богаташка, која ги објави моите деца за да може сите да ги оцрнуваат и да ме уценуваат“, рече Трендафилов.

Тој смета дека со објавување на неговите деца, некој се обидува да го заплаши.

„Мислејќи дека ако ме следат и преку објавувањето на моите деца ќе ме заплашат. Се случија големи катастрофи со деца. Не сакам да верувам дека целта ѝ било тоа“, рече Трендафилов.

Тој кажа и дека премиерот наместо да дава изјава дека е само почеток со заканите кон неговите деца и неговото семејство, треба да даде оставка или најмалку да ја разреши пратеничката Стојаноска.

„Во нормална држава, владата за вакви работи паѓа“, рече Трендафилов.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Трендафилов да не глуми жртва на политички прогон и доколку смета дека му е загрозена приватноста да пријави во надлежните институции.

„Фијаското на протестите на ССМ и Трендафилов пред Собранието, како и обелоденување на партиската позадина која стои зад протестите, се причина за огромната нервоза на Слободан Трендафилов, кој сака да се претстави како жртва на политички прогон. Трендафилов користејќи ја ситуацијата на жртва, призна дека има 57.000 денари плата, како и дека користи службено возило“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека според нивни сознанија, Трендафилов добива дополнителни финансиски средства во форма на бонуси и додатоци.

„Доколку Трендафилов смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции. Дополнително, го советуваме Трендафилов, помалку да ги слуша советите од Филипче, а повеќе да се интересира за интересите на работниците. ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе работи на зголемување на платите во сите сектори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Македонија1 минута

(Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден...

Забава8 минути

(Фото/Видео) Кара Делевин позираше без гаќички, а потоа порача: „Забавно е“

Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше...

Забава19 минути

Луис Хамилтон сподели фотографии од одморот со Ким Кардашијан

Луис Хамилтон сподели интимни моменти од неодамнешниот одмор со Ким Кардашијан. На фотографиите што ги објави, Ким Кардашијан и нејзините...

Забава20 минути

(Фото/Видео) На филмската премиера дојде со ќерка си, а со својот стајлинг ги воодушеви сите

Оскаровката Шарлиз Терон пристигна на премиерата на филмот „Одисеја“ во Њујорк во исклучително и секако најпријатно друштво за неа. До...

Забава28 минути

(Видео) Славниот кошаркар во Дубровник: Сега сум Шекил О’Ниловиќ, ги сакам Хрватите

На интернет се појави видео од кошаркарската легенда и диџеј Шекил О’Нил, кое ги воодушеви Хрватите. „Јас не се викам...

Култура37 минути

Филм, театар и музика вечерва на Скопско лето

Вечерва, 17 јули, ќе се одржат три настана на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Во Кинотека на...

Македонија40 минути

По 10-минутна потера фатен косовскиот државјанин кој насилно ја преминал границата и повлекол цариник со возилото: пронајдена дрога и оружје

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал...

Македонија45 минути

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт48 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...