Контакт

Македонија

Тренчевска не очекува да се утврди минималната пензија до крајот на месецот, комплексно е прашањето

Објавено пред

На утврдување на минималната пензија се работи, но до крајот на месецот министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, не очекува решение. По посетата на домот на културата во Ѓорче Петров денес, таа извести дека за минималната пензија ќе треба да се почека.

„Се работи на едно системско решение за предлог-одредби за утврдување минимална пензија. Не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец, ќе се донесе некакво решение затоа што тоа сепак е едно комплексно прашање, со кое се регулира минималната пензија“, рече министерката Тренчевска.

За разлика од утврдувањето на минимална пензија, пензионерите со минимални пензии и ранливите категории нема многу да чекаат за новите мерки за помош. Министерката Тренчевска очекува до крајот на неделата да бидат донесени од страна на Владата. Рече дека со нив ќе бидат опфатени поголем број пензионери и граѓани од ранливите категории, но не сака да кажува детали сѐ додека не биде објавена одлука. Извесно е дека граѓаните што ќе бидат опфатени со новите мерки ќе добиваат месечна поддршка, а колку време ќе ја добиваат, ќе прецизира одлуката на Влада.

Најново

Спорт14 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија22 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура28 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет46 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура48 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија51 минута

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет53 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника54 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа55 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...