Македонија
Тренчевска: Работиме на овозможување пријатни услови за живот на бегалците од Украина

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Здружението на Украинци во Македонија.
Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за статусот на бегалците од Украина кои доаѓаат во Северна Македонија, кои се нивните права и можности при престојот тука.
„Како држава одговараме согласно законските одредби, прво е потребно луѓето да се здобијат со статус. Со нивна одлука тие можат да се стекнат со статус на привремена заштита или да поднесат барање за азил“, рекла Тренчевска.
Таа посочила дека Министерството за труд и социјална политика е дел од координативниот штаб во справување со предизвиците со кои се соочуваме во однос на бегалците од Украина.
„Целта како министерство ни е да ги овозможиме основните човекови права како што се образование, здравствена заштита и право на вработување. Секој бегалец може засебно да се пријави во релевантните институции и да ги помине потребните постапки за да се стекне со правата кои законски им следуваат“, изјавила министерската.
Таа истакнала дека Владата и Министерството се залагаат за обезбедување на сите човекови права за оние што се во незавидна позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

Од денес, па секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт. Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот.
Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот.
Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/.
За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: [email protected]
Македонија
Османи во Киев на средба со Кулеба

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес e во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со својот хомолот, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина. Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.
Во Киев Османи беше пречекан од македонскиот амбасадор, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.
Македонија
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори конечно добива епилог. Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.
„ Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски и Белиот дворец.
Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал,а одговорните да бидат соодветно санкционирани. Одамна заврши времето на недопирливите за законот.
Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“ се наведува во соопштението.