Контакт

Македонија

Тренчевска се сретна со пензионерите: Работиме на измени на законот, со што ќе се обезбеди повисока минимална пензија

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска, во Владата, се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите. Рече дека Владата има слух за сите граѓани во државата и дека одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика,, се потврда за тоа.

Таа истакна дека веднаш по одржаната средба во Министерството, е формирана и работна група со номинирани членови на сите засегнати страни, како и дека таа работна група редовно одржува состаноци на кои се разгледуваат сите пристигнати барања и предлози од здруженијата на пензионерите, Партијата на пензионерите и Сојузот на пензионерите на Македонија.

„Работната група работи на креирање краткорочни и долгорочни мерки за пензионерите. Повторно, како и претходната година, ќе бидат креирани антикризни социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на Законот за пензиското осигурување, со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите“, истакна Тренчевска.

Министерката додаде дека преку методологијата пензиите за нецели две години пораснале речиси 24 отсто, а притоа, како што нагласи таа, се обезбедуваат и стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите. Работната група кога ќе ги финализира предлозите ќе ги достави до Владата на усвојување и за тоа ќе биде известена јавноста, рече Тренчевска.

Најново

Спорт21 минута

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија30 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура35 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет54 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура55 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија59 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника1 час

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа1 час

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...