Контакт

Македонија

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со претседателот на Партијата на пензионерите, Илија Николовски, и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите, како и потенцијалните решенија, кои може да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории пензионери.

Од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување ќе ги загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензиите за 330 000 пензионери во државата.

Тренчевска посочи дека во периодот што следува ќе се креираат социјални мерки, кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека посветено ќе се работи и на Законот за минималната пензија.

Николовски на министерката ѝ приложи предлози креирани од Партијата на пензионерите, кои може да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, а од страна на министерката беше истакнато дека тие ќе бидат разгледани и внесени во материјалите за работа при носењето решенија за пензиите.

Министерката на крајот од средбата покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група, која ќе работи на Законот за минималната пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6 септември.

Најново

Спорт17 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет48 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава54 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа1 час

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...