Контакт

Македонија

Три бебиња родени ноќеска на Гинекологија, утрово се роди бебе и во ковид центарот

Објавено пред

Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, Викторија Јовановска информираа за случувањата на Клиниките по славењето на најлудата ноќ.

„Првото бебе родено е машко, четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута по полноќ, има 3.070 килограми, а 50 сантиметри е долго. Една минута потоа родено е уште едно бебе, женско, прво бебе на мајката Симона Петреска. Тешко е 3.050 килограми, а долго исто така 50 сантиметри. Утрово околу пет часот во ковид центарот се роди уште едно бебе. Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Според директорката на ГАК, претходните случувања биле најава дека годината ќе ни биде одлична.

„По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид центарот. Првото бебе е породено спонтано, а второто е со царски. Во ковид одделот е само една пациентка која се породи ноќеска, бебето е машко и тешко е 2.440 килограми“, рече Јовановска.

Македонија

Костадиновска-Стојчевска: КИЦ Софија е квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како дел од владината делегација која е во официјална посета на Република Бугарија, денеска го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. На средбата со директорот Сашко Насев разговараа за динамиката и идните активности на овој прв македонски културен центар, кој има големо значење во промоцијата и афирмацијата на македонската култура во бугарската престолнина.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека Културно-информативниот центар е пример за квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и е место за културна размена, едукација, но и место каде што се создаваат вредни пријателства. На средбата во КИЦ присуствуваа истакнати автори, режисери, актери и млади уметници кои континуирано остваруваат соработка со македонскиот културен центар, на кои министерката Костадиновска-Стојчевска им се заблагодари за поддршка во промовирањето на настаните кои се организираат во овој културен простор.

„Денешната посета на Софија е во насока на продлабочување на соработката и да покажеме дека можеме заедно да работиме на големи проекти во културата“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска и додаде дека за таа цел ќе биде договорен и календар на културни активности кои ќе бидат рамката за реализација на нашата заемна понатамошна соработка.

Министерката Костадиновска-Стојчевска упати благодарност до директорот на Културно-информативниот центар, Сашко Насев, за неговата посветеност и придонес кон продлабочувањето на културните врски меѓу двете земји. Минатата година, и покрај пандемијата, во Софија се реализираа настани и активности преку кои беа претставени бројни македонски уметници од сите генерации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Генчовска и Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог

Објавено пред

Министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи, се сретнаа денес во Софија, 24 јануари, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија.

Двајцата први дипломати изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите.

Тие ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Во рамки на средбата беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен “5 + 1”.

Министерката Генчовска и министерот Османи го споделија мислењето дека директните и интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји се правилниот пат за продолжување на напорите за изнаоѓање заемно прифатливи решенија за отворените прашања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Формиран е Градски eкосовет – Зелен совет на Град Скопје

Објавено пред

Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски екосовет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.

„Започнуваме нова пракса во работата на Град Скопје. Овој совет има за цел да ни помогне на нас скопјани со заеднички и насочени активности да создаваме подобри услови за живот во градот. Време е да се поставават основите за креирање системски решенија за проблемите на Скопје поврзани со екологијата. Преку овој совет ќе се бориме и против урбанистичкиот хаос во градот, ќе се креираат конкретни политики и препораки кои со акциски план и конкретни временски рамки ќе се овозможи следење и контрола на исполнувањето на плановите во пракса“, изјави на состанокот градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Градскиот екосовет ќе има цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина.

На советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани. Притоа, прашањата кои ќе се третираат како и понудените решенија, треба да бидат реални и остварливи, а истите ќе бидат реализирани од релевантните сектори во Градот Скопје

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија4 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија4 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија4 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија5 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет5 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија6 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет6 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија6 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет7 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет7 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет8 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија19 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија21 час

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет22 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет1 ден

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион1 ден

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Досие