Македонија
Три вработени во ЈСП обвинети за проневера: присвоиле над 375.000 евра преку манипулации со билети
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои ги товари за продолжено кривично дело проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Трите соизвршителки, во временскиот период од 1.12.2018 година до 5.8.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства, што претставуваат повеќекратно остварување исто дело искористувајќи ист траен однос и исти услови. Тие заеднички како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист.
Две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ – уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, а третата обвинета, самостоен референт сметководител во Одделението за сметководство – Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејства, без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.
Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложи и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на министерот Тошковски со државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли
На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници.
На средбата министерот и државниот секретар потпишаа изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји.
Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет.
Македонија
Паднaa Фејсбук, Инстаграм, Whatsapp
Попладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета.
Се работи за социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp.
Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваат проблеми.
За корисниците на Инстаграм, најтешко погодените области низ Соединетите Држави во моментов се Чикаго и Њујорк, според топлинската мапа на жалби и извештаи поднесени од корисниците, составена од страната.
Повеќе од 82.000 корисници на Фејсбук исто така се жалат на прекини, при што се пријавени проблеми низ поголемиот дел од источниот и пацифичкиот брег.
Македонија
Град Скопје до Трајко Славески: Од твоето елеметарно непознавање на законите, трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ
Од одделението за односи со јавност на Град Скопје до јавноста е доставена реакција на изјавата на претстедателот на Советот на Град Сопје, Трајко Славески во однос на роковите за поднесување на предлогот за градскиот буџет во наредната 2025 година.
„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески. Господине Трајко, сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера.
Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?
Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Но претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески смета дека за псевдонимот „Град Скопје“ се „крие“ градоначалничката Данела Арсовска и за тоа реагира со објава на мрежата Х, во која наведува дека тоа е „кулминација на манипулациите и ароганцијата на Арсовска“.