Контакт

Македонија

Тројца газди сведочеа за набавката за опрема за Генерален секретаријат: Контактиравме со Игор Христов

Објавено пред

Сопственици на фирми кои имале добиено тендери од Влада сведочеа како ги набавиле сите потребни продукти од фирмата „ГБЦ Системи“, сопственост на обвинетиот Игор Христов, кој бил и надворешен соработник во Владата. Прв сведок беше Ивица Димовски, управител на „Монтинг енергетика“. Тој е првиот кој кажа дека обвинетиот Христов го контактирал со понуда преку него да се набават кабините, кои потоа требало да завршат во Влада. Контактот бил две-три недели откако бил потпишан договорот помеѓу фирмата на сведокот и Генералниот секретаријат. Сведокот посочи дека нему му било важно да го реализира тендерот за да има позитивна референца за фирмата за да исполнува услови за наредни тендери.

dobivaj vesti na viber

„По завршувањето на постапката за јавна набавка, од страна на Влада на Македонија ни е доставен договор за исполнување на наведената јавна набавка кој е потпишан од наша страна и пристапено кон реализација. Во текот на реализацијата, друштвото имаше зголемен обем кон други и во тој период, од страна на ‘ГБЦ Системи’ ни е доставен понуда за изработка на истиот предмет од нивна страна. Од наша страна им доставивме техничка спецификација за кабините и од нивна страна е прифатено да пристапат кон производство на истите“, кажа Ивица Димовски, управител на „Монтинг енергетика“, кој додаде дека тој од зделката имал заработка од 40.000 денари, а најголемиот дел од средствата ги исплатил на „ГБЦ Системи“.

Втор сведок беше Димитар Попоски – управител и сопственик на фирмата „Радик систми“. Во овој случај, фирмата „Про инструментс“ добива тендер од Генералниот секретаријат, која потоа, соработува со фирмата „Радик системи“. „Радик системи“ набавуваат камери од „Сектрон“, фирма која го раскинала договорот со Генералниот секретаријат бидејќи не им стигнале на време. Дополнително, требало да набават и СД-картици, што пак, и тие се одлучиле да ги земат преку „ГБЦ Системи“ на обвинетиот Игор Христов. Прашан од обвинителката, како „Радик системи“ дознале за „ГБЦ системи“, сведокот одговори дека тоа е препорака од „Сектрон“ фирма која добила набавка, а потоа, спогодбено го раскинала договорот.

„Предметните камери се набавени од Сектрон која е дистритубтер за нашата земја. Цената беше околу 2 милиони и 100-200 илјади денари. И бидејќи дека се бараше СД-картици, тоа беше од ГБЦ системи“, рече сведокот Димитар Попоски – управител и сопственик на фирмата „Радик систми“.

Обвинителката Ивана Трајчева праша: „Знаевте ли дека ‘Сектрон’ имале претходно договор со Генерален секкретаријат за набавка на камери?“, а сведокот одговори: „Не знаев, кога ме повикавте во обвинителство дознав. Претходно не“

„Како дојде до тоа ГВЦ системи да биде ангажирано за овие камери?“, праша Ивана Трајчева, на што доби одговор: „’ГБЦ системи’ беше предложена од ‘Сектрон’, која претходно работела со такви алатки и затоа беше контактирана. Контактирав со Игор Христов“.

Последен сведок беше Милорад Крстевски, управител на „Сектрон“. Оваа фирма добива тендер за да ги набави камерите, па спогодбено го раскинува договорот бидејќи испораката доцни. И тој го знае Игор Христов, за кого рече дека е клиент на фирмата.

„Со Игор Христов се знам како наш клиент. Вредноста на јавната набавка беше околу два милиони денари. Не ги испорачавме камерите, ни доцнеше испораката од страна на нашиот производител“, рече Милорад Крстевски, управител на „Сектрон“.

Тој од обвинителката Трајчева беше прашан: „Како дојде до тоа да се раскине спогодбено договорот?“.

На ова одговори: „Кога веќе доцнеакамерите, ни стигна известување од Генералниот секретаријат дека ќе се раскине спогодбено договорот. И толку знаевме, толку нè интересираше“, по што објасни дека важно било да не плаќаат пенали за неисполнување на договорот.

Сите тројца сведоци, управители односно сопственици на фирми, кажаа дека не контактирале со обвинетиот генерален секретар Драги Рашковски и дека од негова страна не биле убедувани да соработуваат со „ГБЦ системи“ или да набавуваат опрема од која било фирма.

Македонија

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игнорантскиот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје, Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција.

dobivaj vesti na viber

Денеска, генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари разочарано изреагирале дека тие не се дојдени да само да држат микрофони туку и да постават прашања кои се од јавен интерес за граѓаните на градот Скопје.

Апелираме дека јавните функционери треба да се трудат да дадат одговори на сите новинарски прашања, а не да ги игнорираат и понижуваат новинарите и медиумските работници.

Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, оствари средба со Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер, во рамки на работната посета во Австрија.

dobivaj vesti na viber

На средбата од страна на Едштадлер беше потврдена поддршката што во континуитет Република Австрија ја дава на Северна Македонија на европскиот пат и за спроведувањето на реформската агенда.

-Австрија е земја која ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Северна Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, а наша задача останува во периодот кој следи да ја задржиме земјата на европскиот пат и забрзано да работиме на постигнување на оваа важна цел, која ќе придонесе за безбедноста и просперитетот на земјите од регионот во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Владините претставници на средбата го поделија ставот со Сојузната министерка за ЕУ на Австрија дека Европската Унија е нецелосна додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.

-Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ја дели со нас истата визија и цел: Северна Македонија и регионот треба да бидат дел од ЕУ час поскоро, пишува Маричиќ на својот Фејсбук-профил.

Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8

Објавено пред

Развојот на инфраструктурата и регионалното поврзувањето беше фокус тема на билатералната средба меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочаврски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија Николај Милков, што денеска се оддржа во Скопје во рамки на економскиот форум.

dobivaj vesti na viber

Изградбата на железничкиот Коридор 8 е од суштинско значење за двете земји заради економско зајакнување на регионот, констатираа двајцата министри, додавајќи дека Владите ќе се заложат овој проект да добие уште поголемо меѓународно значење.

На средбата беше договорено да се интензивираат и активностите на работните групи од двете земји кои работат на усогласување на заедничките регионални инфраструктурани проекти. На средбата се отвори и темата за отворање на граничниот премин Клепало.

Двајцата министри ја поздравија одлуката на Европската Комисија за вклучување на заедничкиот Коридор 8 во рамки на европскиот коридор за Западен Балкан-Медитеран.

„Средбата беше одлична можност да ги потврдивме ставовите и на двете земји дека сме подготвени да го завршиме Коридор 8. Ги отворивме прашањата и за другите регионални проекти во делот на патната инфраструктура и тоа е темата на која треба да разговараме во иднина и заеднички да работиме. Нашите заложби се видивли на терен, тоа го покажавме со градење на пругата кон Бугарија и инвестициите во модернизација на патиштата. Оваа држава има само еден пат, тоа е Европскиот и по тој пат мора да ја трасираме иднината на Република Северна Македонија” – истакна министерот Бочварски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија8 часа

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа11 часа

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија12 часа

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија12 часа

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија13 часа

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија17 часа

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија17 часа

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија18 часа

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет18 часа

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет19 часа

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...

Македонија19 часа

Град Скопје со нов јавен повик за линиите 20 и 22, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави јавен повик кој треба да биде објавен денеска, а се однесува на линиите од...

Македонија19 часа

Продолжуваат блокадите во Скопје, хаос во сообраќајот

Трет ден по ред хаос во Скопје поради блокадите од страна на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници во...

Регион1 ден

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија2 дена

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија2 дена

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија2 дена

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет2 дена

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион2 дена

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...