Македонија
Тројца починати и 134 новозаразени со ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022
Направени се 912 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-90, Систина-29, лабораторија Лаор-0, Синлаб-10, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-0, Никоб лаб-17, ВФВ Медикал-8, Ели медика плус-6, Ројал медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб дијагностика–4, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 430.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.287
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160454, Активни 586
Куманово 18128, Активни 34
Битола 17833, Активни 105
Прилеп 15403, Активни 49
Тетово 14432, Активни 49
Кавадарци 12008, Активни 42
Велес 10744, Активни 31
Гостивар 10268, Активни 17
Охрид 10267, Активни 69
Струмица 8764, Активни 10
Штип 8716, Активни 27
Кичево 6058, Активни 21
Кочани 5533, Активни 26
Струга 5169, Активни 16
Гевгелија 4860, Активни 13
Неготино 4121, Активни 9
Ресен 3012, Активни 16
Радовиш 2828, Активни 14
Свети Николе 2791, Активни 10
Крива Паланка 2647, Активни 16
Делчево 2172, Активни 46
Берово 1860, Активни 26
Дебар 1811, Активни 4
Валандово 1596, Активни 3
Виница 1479, Активни 7
Пробиштип 1299, Активни 2
Кратово 1109, Активни 10
Богданци 1099, Активни 3
Крушево 1032, Активни 13
Демир Хисар 925, Активни 1
Македонски Брод 796, Активни 7
Демир Капија 629, Активни 1
Македонска Каменица 534, Активни 3
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костадинов ги пречека Заев и Ципрас

Вечерва градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во својот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.
„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“ соопшти општината.
Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, градоначалникот разговараше со своите гости за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.
„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадин Костадинов.
Македонија
Топло време со свежи утра до среда, од четврток дожд

Времето утре наутро ќе биде свежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Македонија
Контејнери за електричен и електронски отпад поставени на 12 локации во Кисела Вода

Жителите на општина Кисела Вода од денес, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.
На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени видови на отпад, кои може да се одлагаат во него: батерии, мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди. Важно е да напоменеме дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот, придонесува за зголемување на јавната свест меѓу граѓаните.
Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери. Само заеднички можеме да допринесеме кон подобрување на состојбата на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни позитивни ефекти.