Контакт

Македонија

„Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има“, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Во екот на сезоната туристичката населба Претор се соочува со недостиг на вода за пиење. Трагично е тоа што оваа населба неколкупати немала ниту техничка вода. Срамота е да потсетуваме дека водата е еден од основните услови за живеење и дека на овој начин, наместо да се развива туризмот, тој сѐ повеќе се уништува“, велат од партијата Левица.

„Минатата година лидерот на партијата Мицкоски и градоначалникот Тозиевски се сликаа и се пофалија со изведба на новиот проект, поставување на нов резервоар за вода и тврдеа дека проблемот е решен. Парите се потрошени, а проблемот останува.

Дали ова беше уште едно празно ветување пред парламентарните избори. Граѓаните заслужуваат отчет за потрошените средства. Мора да има ефективност и резултати од изведените проекти.

Левицата апелира до надлежните институции да се направи целосна ревизија на проектот. Потребно е трајно решение на проблемот“, соопштуваат од партијата Левица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија.

„Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? Каков е ризикот од Уставните измени? Од што тој се плаши? Зошто го лаже народот? Тој е заглавен во паметот со тоа дека треба да се збогати, тоа му е неговата суштина“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта намерно отвораа прашања кои одамна се затворени, со цел да го избегне одговорот на суштинските проблеми поврзани со реформите и евроинтеграциите.

„Што се случува во изминатиот период? Се отвораат прашања кои што се затворени. Кога било прашање јазикот на Албанците или балансерот и правичната застапеност? Никогаш. Затворени прашања беа тоа со рамковниот Охридски договор. Зошто се отвораат? За да нема одговор на главното прашање, а тоа е зошто нема реформи и зошто не се продолжуваат преговорите со ЕУ“, рече Филипче.

Во одговорот Филипче порача дека реформите значат Уставни измени и вистински исчекор кон Европската Унија, а не политички манипулации и дефокусирање на јавноста.

„Еве претседателката Сиљановска убаво кажа, објасни жената, зошто е добар Преспанскиот договор. Притоа несвесно призна дека свесно лажела. Ете тоа направи Гордана Сиљановска, со цитирање членови, со преамбули на Европа. Кој е тој степен на лицемерие? Такви луѓе немаат право морално ниту политички да ја водат државата, затоа што не ја водат како што треба. Затоа што не ги интересира ништо освен нивниот сопствен интерес. Тие луѓе не сакаат единство, не сакаат реформи. Реформите се викаат Уставни измени. Тоа е чекор напред“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Објавено пред

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС.

Следно е да излезе со драматична конференција за нумизматика, колекционерство на салфетки или анализа на ретки поштенски марки.

Човекот со половина прес зборува за пасоши, со друга половина за НАТО, па скока на Преспански, па завршува со уставни измени, како политички подкаст пуштен на shuffle.

И сето тоа со патетичен тон на човек што мисли дека открил државен заговор, а всушност само признава дека СДС веќе нема ниту тема, ниту правец, ниту политичка тежина“.

Најтрагично, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е што токму тие што ја распродаваа државата денес држат лекции за патриотизам, идентитет и Европа.

„Истите тие што ветуваа „живот“, а оставија пустош, криминал, понижувања и национални отстапки, сега се обидуваат да глумат морални авторитети.

СДС денес не е опозиција. СДС е политички стенд-ап без публика“.

Лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес-конференција кажа дека во Владата на Мицкоски врие како што рече од бугарски пасоши.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Објавено пред

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира министерот за правда Игор Филков за протестите.

„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем.

Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството“.

Министерството за правда, додава тој, останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.

Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 секунди

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски...

Црна хроника17 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија30 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија36 минути

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника40 минути

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника48 минути

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...

Спорт48 минути

Аморим ќе го наследи Мурињо во Бенфика

Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на...

Свет57 минути

Воен авион на НАТО собори дрон на границата со Русија

Воен авион на НАТО денес собори дрон во Естонија, за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот...

Спорт1 час

Силекс и Шкендија утре ќе се борат за трофејот во Купот

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во...