Контакт

Македонија

Туристичко-угостителската комора бара измени на мерките

Објавено пред

Угостителите бараат од Владата да направи измени на најновата одлука за превентивни препораки и мерки која стапи на сила пред два дена. Тие се жалат дека со новите мерки им се намалува обемот на работа.

„Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат, односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале Ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен ПЦР-тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.

Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Но, угостителите сметаат дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста.

„Исто така укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат до последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање  документи за лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот, а не од објектот“, истакна Ангеловски.

Ана Марија Алексова, член на ТУК презентираше дополнителни барањата кои се однесуваат на секторот туризам.

„Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување  сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност 7-дневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест. Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да се земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен PCR-тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за Ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека“, истакна Алексова.

Таа потенцира неопходно е да се земе превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка.

Македонија

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Објавено пред

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното одделение при Општата болница во Куманово по претходно добиени сознанија за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е. С.

Како што информираат од МВР, освен во работните простории, со обезбедена судска наредба претрес бил извршен и во автомобил „опел астра“, паркиран во кругот на болницата.

При претресот во очното одделение на болницата од медицинската сестра биле одземени 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е. С., биле одземени речиси 98.000 денари.

Лекарката Е. С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.

Имено, Е. С. се товари дека ја злоупотребила службената положба и овластувањето и примала поткуп од пациенти, т0ака што правела хируршки интервенции во службени простории на Општата болница во Куманово и за интервенциите противправно зела по 12.000 денари, иако пациентите биле здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплаќана.

Парите пациентите ѝ ги давале лично на пријавената непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што не добивале документ за платената услуга.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Годинава целосно вакцинирани ќе бидат барем 70 отсто од македнонското население

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19, со наслов „Крај на пандемијата и поставување подобри основи како подготовка за следната“, а организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

„Додека јас зборувам, 55 % од населението во Северна Македонија веќе е вакцинирано со барем една доза. Оттука, апсолутно сме сигурни и даваме ветување за целосно вакцинирање на најмалку 70 % од населението до крајот на оваа година“, нагласи претседателот.

Во видеообраќањето Пендаровски нагласи и дека вакцинацијата против Ковид-19 во светот, без одлагање, е од клучно значење.

„За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини“, истакна македонскиот претседател и изрази поддршка за заедничките глобални цели за справување со пандемијата на Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Теренски активности на првата цивилна НАТО-вежба во земјата – „Северна Македонија 2021“

Објавено пред

Денеска на терен на две работни точки медиумските претставници на повеќе странски држави присуствуваа на реализација на вежбовното сценарио „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, а и на презентација за поврзаноста со НИКС – НАТО-командниот систем за инциденти (NICS).

Вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ e во организација на НАТО-евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), а се реализира во периодот од 20 до 24 септември на подрачјето на Охрид и Струга.

Ова е прва цивилна НАТО-вежба во Република Северна Македонија, која заради состојбата со пандемијата истовремено се одвива и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) е домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции што се дел од Системот за управување со кризи.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан што инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во кој, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО-вежба во Република Северна Македонија од ваков размер.

Според надлежните, вклученоста во вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Во склоп на вежбата ќе биде организиран научен ВИП-симпозиум во траење од два дена, каде што ќе се одвива дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите партнери, меѓународните организации и НВО. Максимална бројка на учесници ќе биде 50 лица, при што ќе има можност и за видеоемитување.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести, што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија14 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија15 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија17 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија18 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија19 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија19 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион19 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија20 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион20 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија22 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија23 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет23 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет24 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија2 дена

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија2 дена

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет2 дена

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет2 дена

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион2 дена

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија2 дена

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие