Контакт

Македонија

Турската агенција „Тика“ донираше пчелни сандаци во Дебар и Жупа

Објавено пред

Турската Агенција за развој „Тика“ денеска донираше 300 пчелни сандаци за пчелари во општините Дебар и Центар Жупа. Пчелните сандаци пчаларите ги примија во селото Долно Косоврасти, а на свеченото предавање на пчелните сандаци кординаторот на „Тика“ во Македонија, Ајден Ајтекин, истакна дека овој проект е со цел да се помогне на пчеларите и пчеларството во целина во Македонија. Покрај донацијата, со проектот се предвидени и обуки на пчеларите.

Градоначалникот на општина Центар Жупа, Арјан Ибраим, се заблагодари за донацијата на пчелните сандаци и истакна дека истата е од големо значење бидејќи дава силна поддршка на пчеларите од западниот регион на Македонија. Тој додаде дека „Тика“ и во минатиот период реализираше повеќе значајни проекти кои овозможија развој на регионот.

Претставникот на здружението „Чифлик“,  Неат Селмановски, рече дека 3о пчалари од општините Дебар и Центар Жупа добиваат по 1о пчелни сандаци. Здружението верува дека донацијата силно ќе го поттикне развојот на пчеларството. Претседателот на здружението „Матица“ од Дебар, Блаже Петревски, истакна дека во регионот расте од ден на ден бројот на пчeлари, пред сѐ поради тоа што има одлични услови во регионот за развој на пчеларството.

K.M.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот.

Тие ја информираа за минатата и тековна работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со коишто се соочени.

Мајките на излекуваните деца се навратија на тешко извојуваната победа на болеста, но и на отсуството на поголемо разбирање и поддршка во истата.

Според нив, справувањето со тешката болест во голема мера ќе биде полесно доколку постои финансиска поддршка од државата во форма на паричен надомест за време на болничкото лекување, како и во првите 5 години по лекувањето заради големиот ризик од враќање на болеста во овој период.

Децата ја запознаа претседателката со своите образовни и културни активности, како и со намерите и очекувањата.

Претседателката изрази восхит за нивната херојска борба и победа над опаката болест, поттик за остварување на младешките соништа и длабоко разбирање за нивните рационални барања.

Таа укажа на можноста „САНО“ да го користи просторот на Народната канцеларија за запознавање на јавноста и кревање на свеста за нивните енормни проблеми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Објавено пред

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“.

На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски.

Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 година, селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво.

Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца.

Тие ја информираа претседателката дека не се спроведуваат дури ни правосилните судски пресуди, донесени во нивна корист.

Претставниците на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“ укажаа на потребата од измена и дополнувања на законот, за нивните посебни права, заради прецизирање на решенијата и унапредување на нивните бенефиции.

Според Сиљановска-Давкова, укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите.

Таа вети дека Кабинетот ќе ги информира надлежните органи за презентираните проблеми, укажувајќи на нужноста од почитување и спроведување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и пресудите.

За претседателката, придонесот на бранителите не смее да биде заборавен ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу

Објавено пред

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа “Х” ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

„По повод Турско–Македонскиот бизнис форум, заедно со нашиот министер за транспорт и инфраструктура, г. Абдулкадир Уралоглу, остваривме средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија“, Александар Николоски.

На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на “AJet” на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји.

Во согласност со визијата на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка и економска интеграција, со решителност продолжуваме да работиме кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

Во наредниот период ќе продолжиме да ги зајакнуваме транспортните коридори и да ги поддржуваме активностите на турските компании во Северна Македонија, придонесувајќи за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот.

Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите” , објави министерот за трговија, Омер Болат.

Средбата на министрите се реализира во рамки на турско -македонскиот бизнис форум што денеска се оддржа во Истанбул.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт13 минути

(Видео) БиХ освои бод против Канада

Ко-домаќинот на СП, Канада и Босна и Херцеговина, одиграа 1:1 (0:1), во првиот натпревар, во Б групата. Канада го освои...

Спорт37 минути

Дубаи ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа...

Свет2 часа

Американски претставник: Иран се обврзува трајно да се откаже од нуклеарно оружје

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинари откри детали за напредокот на преговорите...

Спорт2 часа

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Назначувањето е направено со...

Спорт2 часа

Инфантино со ефтина шега предизвика бес во Италија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде на мета на јавни критики, овој пат во Италија. На „чизмата“, неговата...

Свет2 часа

Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови, за време на состанок со...

Спорт2 часа

Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас...

Свет3 часа

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран....

Македонија3 часа

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува...