Македонија
Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, одржаа заедничка прес-конференција на која зборуваа и за процесот на проширување, односно за недавањето датум за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија.
На пресот Туск порача дека во однос на ваквата одлука не се работи за неуспех, туку за грешка.
„Tешко е да се биде оптимист во оваа ситуација, но не треба да се гледа како на тотален неуспех“, порача претседателот на Европскиот совет и го истакна неговото уверување дека станува збор за кратка криза во Унијата, а не за крај на процесот на проширување.
„Многу земји (24-25) го поддржуваат процесот и сакаат да го продолжат“, нагласи Туск и додаде дека ЕУ треба да се заложи да го исправи овој пропуст пред мај 2020.
Јункер, пак, рече дека доколку ЕУ има намера да го сочува својот кредибилитет во глобалната политика, треба да ги исполни дадените ветувања.
„ЕУ е почитувана во светот и за да остане почитувана, треба да ги исполни своите ветувања“, порача Јункер и истакна дека многу е тешко да се зборува за крај на проширувањето кога во безброј наврати ЕУ дала ветувања, нејзини претставници ги посетувале Северна Македонија и Албанија и ги поттикнувале да работат на нивните евроинтеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода гради паркинг за стотина возила во населбата 11 Октомври Згради

Општина Кисела Вода започна со изградба на нови паркинзи на три локации во урбаната заедница 11 Октомври Згради.
Лоцирани на улиците “Ѓорѓи Сугаре” и “Михаил Чаков”, во непосредна близина на трим патеката, ќе отворат можност за паркирање на стотина возила и значително ќе го подобрат сообраќајот во мирување во овој дел од општината.
„ Свесни сме дека организацијата на сообраќајот во мирување е од исклучително значење за квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај, па затоа интензивно работиме на обезбедување на локации за изградба на соодветен паркинг простор во општина Кисела Вода. Минатата година ја затворивме со 7 нови локации за паркирање на околу 500 возила и оваа година, согласно ветувањата, ќе изградиме најмалку уште толку паркинзи. Денес започнувме со изградба на паркинзи на три нови локации во урбаната заедница 11 Октомври Згради, кои треба да бидат готови околу две седмици. Со ова, се отвораат нови 100 паркинг места, што значи намалување на сообраќајниот метеж во овој густо населен дел на општината. Изнаоѓањето на вакви и слични сообраќајни решенија ќе продолжи со несмален интензитет и во периодот што претстои-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Апасиев: Партиската полиција на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на Централниот комитет на Левицата, како што велат од партијата, без никаков повод и причина, утрово координирано биле повикани на информативен разговор во полициските станици во Македонија.
„Партиската ПОЛИЦИЈА на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите. Сабајлево, десетина модератори на локалните разграноци на Левицата во Македонија беа повикани на информативен разговор во полициски станици!“, велат од Левицата.
Од партијата додаваат дека Владата и министерот Спасовски продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левицата како единствена антифашистичка партија со теренска поддршка бидејќи, како што велат, целта е да се задуши народниот антифашистички порив.
Инаку, претходно беше најавено за сабота засилено полициско обезбедување, а на настанот ќе присуствува државниот врв и, како што соопшти претседателот Пендаровски, се работи за настан од висок ризик.
Македонија
(Видео) Каевски: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски продолжуваат со добро познатата пракса на скапи и нетранспарентни задолжувања. Мицкоски најави, а неговите градоначалници спроведуваат скапи задолжувања на општините кои важат за едни од финансиски најстабилни“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски напомена дека „Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп се општините кои преку општински обврзници ќе ги задолжат своите граѓани. Заедничко за сите задолжувања е што тие сè прават без да се наведе за што ќе се употребат парите, без да биде наведен рокот на отплата, а никој не знае ни колкави ќе бидат каматните стапки, кои поради економската криза стануваат сè повисоки“.
„Она што се знае е дека овие обврзници ќе може да ги купи секој, вклучително и крупниот бизнис и големи компании, кои потоа може да влијаат врз работата и носењето одлуки на градоначалниците и советите. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи ги раздолжи општините. 50 милиони евра беа исплатени кон општините за да се расчистат долговите што локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги направи до 2017 година. По 12-годишното владеење со општините, ВМРО-ДПМНЕ остави задолжени општини, општини со блокирани сметки и општини без проекти“, порача тој.