Македонија
Угостителите бараат да се дозволи музика на сите прослави

Независната угостителска комора бара да се дозволи музика на сите прослави, а не само на свадбите и смета дека препораката на Комисијата за заразни болести да се дозволат прослави ќе предизвикаат хаос во работењето и новото секојдневие.
„Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби сè со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди“, велат од НУК.
Од таму додаваат дека Комисијата за заразни болести и понатаму предлага мерки и препораки за работењето на угостителските објекти без да најде време и начини да се консултира или советува со претставници на угостителската индустрија за начинот и можноста на нивната реална примена во секојдневното работење.
„Безвредна е препораката да се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица ако присуство на музичари е дозволено само при организирање свадби, а согласно соодветен протокол. За какви веселби и прослави дискутираме, односно какви протоколи Комисијата за заразни болести предлага ако присуството на т.н. музичари и понатаму е ‘забрането’, односно’дозволено’ само на свадби. Да не се чудиме ако од утре во секој угостителски објект гледаме младоженци, односно сите угостителски објекти преку ноќ организираат свадби со присуство на музичари“, се наведува во соопштението.
Комората бара Владата да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи) во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката точка 14 со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели ќе ја укине во целост.
„Владата да не заборави и да одобри работење на внатрешните делови на сите угостителски објекти со оглед дека голем дел од постојните објекти немаат соодветни тераси за да можат угостителите сопственици на овие објекти, како и останатите колеги угостители да ја изврѓуваат својата дејност согласно важечките протоколи“, велат од НУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ковачевски: Почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.
На свеченоста присуствуваа Милош Вучевиќ, заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за одбрана на Република Србија, Славјанка Петровска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политички партии, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.
Премиерот Димитар Ковачевски упати најсрдечни честитки по повод празникот Св. Сава, со желба за долговечно чествување.
„Одбележувањето на Св. Сава, националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности по кои духовниот и интелектуалниот творец на идејата за српската државотворност ќе остане запаметен во историјата на народите на овие простори. Валоризацијата на овие вредности и негувањето на почитта кон другите и почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство. Само така, обединети во различностите, можеме да одиме напред како општество, но и заеднички, како народи кои живеат во регион, преполн со предизвици.Нашите врати, вратите на Република Северна Македонија секогаш ќе бидат отворени за сите народи кои се пријателски, а еден од тие народи е и нашиот братски, српски народ. Нашата заедничка иднина зависи од сите нас. Без разлика колку и да сме различни, сепак, имаме една цел кон која сите се стремиме – просперитетен, отворен и современ Балкан, ослободен од предрасуди, омраза и непријателства”, рече Ковачевски.
Македонија
Премиерите Ковачевски и Донев остварија телефонски разговор

Прeтседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со техничкиот премиер на Република Бугарија, Галаб Донев. Во телефонскиот разговор на двајцата премиери фокусот беше ставен на актуелните теми во двете држави.
Премиерот Ковачевски во разговорот со техничкиот премиер Донев потенцираше дека Република Северна Македонија, согласно уставното уредување гарантира остварување на правата на секој граѓанин кој живее во државата. Во контекст на случувањата и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, беше потенцирано дека активностите на поединци, без разлика дали се граѓани на Република Бугарија или на Република Северна Македонија кои ќе бидат во насока на оневозможување на мирно и безбедно чествување на празникот, ќе бидат соодветно санкционирани, како што се очекува да постапи и бугарската страна.
Во контекст на претстојното чествување на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.
Македонија
МОН: Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари.
Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.
Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.