Контакт

Македонија

(Видео) Угриновски: По 3 милиони евра се нудат на пратеници да гласаат за промена на името

Објавено пред

На пратениците им се нудат по 3 милиони евра за да гласаат за уставните измени, тврди Драган Угриновски од Единствена Македонија.

„Знаеме дека нуделе огромни суми. Ова е срамно. Нека се свестат, да не прифаќаат оти парите се трошат, достоинството и образот не“, рече Угриновски од протестот против уставните измени пред Собранието.

Во врска со вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пред Собранието, Угриновски изјави дека Мицкоски се плашел да не биде исвиркан повторно, па затоа барал да зборува на посебна бина. На прашање дали очекуваат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ како и во претходните два дена, рече дека сечија поддршка е добредојдена.

„Ние го убедивме дека подаваме рака на сите и тој прифати да зборува. Иако тој зборуваше на страна, ние вчера му се приклучивме. Потоа дојдоа и Левица. Ги прифаќаме сите што имаат искрени намери. Целта ни е заедничка, да не дозволиме да се смени нашето име“, рече Угриновски.

Македонија

Коле Штерјев другпат ќе дал изјава за претставките до Советот на јавните обвинители

Објавено пред

Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавните обвинители, по денешната седница на која, меѓу другото, се расправаше за претставката на судијата Владимир Панчевски за постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска при претресот на неговиот дом, одби да даде изјава за медиумите. По седницата рече дека давањето изјави само за одредени претставки би создало впечаток дека се прави селекција во информирањето на јавноста.

Како што дознаваме, подносителот на претставката, Панчевски ќе добиел писмена информација за одлуките на Советот. Советот на јавните обвинители иако доби нова веб-страница, сепак останува затворена институција за комуникација за јавноста. Ова тело нема лице за односи со јавноста, претседателот ги дава изјавите по желба, а при соопштенијата досега е напишан само датумот на седницата, но не и дневниот ред со точките за кои треба да се расправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Папата е секогаш добредојден во родниот град на Мајка Тереза

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со скопскиот бискуп и предводник на Римокатоличката црква во земјава, Киро Стојанов, а во пресрет на посетата на земјава на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

„Вистинска чест е што папата Франциск ќе ја посети земјава, како симбол на нашата општествена и цивилизациска ориентација кон Европа и западните вредности. Особено задоволство е што Папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза, како признание за нашиот придонес во светската хуманоста, солидарноста и добрината“, истакна Османи на средбата, посочувајќи на традиционално добрите релации меѓу различните религиски заедници, вклучувајќи ја тука и римокатоличката религиска заедница.

На средбата беа разменети информации за начинот на кој ќе се организира средбата, при што вицепремиерот Османи изрази уверување дека Владата ќе обезбеди соодветен третман и сета логистичка поддршка за успешно организирање на посетата. „Оваа посета, покрај значењето за претставниците на римокатоличката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета“, истакна Османи.

На средбата беа отворени и прашањата за соработката на религиските заедници во земјава и претставниците на државата, како и односите меѓу самите религиски заедници и нивната меѓусебна соработка, при што соговорниците упатија на дијалог меѓу заедниците и државата со цел изградба на функционално мултиконфесионално општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Објавено пред

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе протестираат ако треба секој ден со колички доколку не се земат предвид нивните барања, пред сè подигање на висината на помошта што се издвојува од буџетот.

„Има пари за сите, само нема за лицата со хендикеп. Со 7.000 денари месечно, колку што предвидел предлагачот на законот, не може ниту половина од месечните трошоци да се покријат. Од друга страна, има спорен член во предлог-законот за социјална заштита, кој вели дека лице што користи надоместок за попреченост истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице. Сметаме дека овој закон е дискриминирачки иако Македонија е потписничка на конвенцијата на ОН за еднаков пристап на овие лица бидејќи не прави ништо за подобрување на условите за живеење“, рече Димитровска.

Димитровска рече дека власта нема слух за овие лица и дека инклузијата што ја предлага министерката Царовска е само на хартија.

„Во законот се предвидува инклузија, но притоа нема конкретни мерки со кои ќе спроведе таа и според нас, овој закон ни малку нема да ја подобри нашата ситуација. За каква инклузија зборуваме кога нема пристапност до институциите, односно инфраструктурата не е приспособена, па инвалидизираните лица, за да стигнат од една до друга релација, мора да одат со такси и со придружник. Не се ослободени од партиципација за здравствени услуги, не се ослободени од ДДВ, не се ослободени од ниту една комунална давачка. Затоа, бараме и апелираме да се чуе нашиот глас и да порачаме дека хендикепот не треба да се гледа кај поединецот, туку во општеството“, изјави Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“.

Според податоците на здружението „Хендикеп“, има речиси 2.000 лица со попреченост што користат колички.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток откако кралот и неговата сопруга, кралицата Летиција,...

Македонија1 час

(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе...

Свет2 часа

Израел за ракетниот напад го обвини Хамас: почнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини исламскoто движење на отпорот Хамас за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од Појасот...

Свет3 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа3 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет3 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет4 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет4 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет4 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет16 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет16 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион18 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија20 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ22 часа

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Досие