Контакт

Македонија

Укината забраната за камиони на Стража

Објавено пред

Забраната за камиони на Стража поради обилните врнежи од снег е укината во 20,45 часот, информира АМСМ. Забраната на Плетвар сè уште е на сила.

Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. На патниот правец Крива Паланка- ГП Деве Баир од 19 и 50 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Делчево- ГП Делчево е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за тешки товарни возила.

Во 20 часот, пак, патниот правец Берово-Виница е нормализиран за сообраќај.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

Објавено пред

Просторот околу јамата во дворот на училиштето ,,Вера Јоциќ” во скопската населба Хиподром е обезбеден со заштитна ограда, соопшти Општина Гази Баба.

,,Дезинформација и невистина е веста дека просторот каде се вршат градежни дејствија во училишниот двор на ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром не е заштитен со ограда. Во интерес на подобро информирање на јавноста сакаме да ве известиме дека просторот каде се извршуваат градежни зафати за изведба на толовод кон зградата на училиштето Вера Јоциќ е целосно затворен со заштитна ограда. За жал во повеќе наврати од страна на училиштето е пријавено дека истата од страна на непознати сторители е оштетувана, при што веднаш се врши нејзина санација”, се вели во реакцијата на општината, во врска со текстот ,,Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Објавено пред

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри, а потоа ќе ја однесе во друга фирма и ќе ја исече на уште поситни парчиња, рече инженерот во УБК, Сашо Трајковски, во сведочењето на денешното судење за предметот „Таргет – Тврдина“.

Трајковски се присети дека опремата за прислушување на системот „Најс“ била исклучена од системот на 27 март 2015 година по објавата на аферата во јавноста.

„Ја исклучивме ‘Најс’ и ја извадивме од систем-салата во ходникот“, рече Трајковски.

Првото рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ се одржа на 17 јануари 2018 година, а постапката беше закочена неколку месеци поради сослушување на првите двајца сведоци на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет СЈО го поднесе на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Објавено пред

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека, освен во Управата за безбедност и контраразузнавање, имало работни станици на други места во градот поврзани со оптички кабел со системот за следење на комуникациите.

„По налог на началникот Горан Грујевски беше формирана работна станица во просториите на аероклубот спроти гимназијата ‘Јосип Броз Тито’. Се пристапуваше надвор од кругот на МВР. Секој компјутер беше поврзан на ‘Најс’“, рече инженерот во УБК, Трајковски.

Освен таму, работна станица на УБК имало и кај базенот во Аеродром, каде што биле инсталирани компјутери што служеле за маркирање броеви, се присети Трајковски. Тој во сведочењето рече дека имало идеја ваква работна станица да се отвори во објект на полициската станица во Пештани, а чул дека во зградата кај железничката станица има исто таква станица за што реагирале станарите оти немале каде да ги паркираат возилата.

Опремата за прислушување на системите „Вернит“ и „Најс“ и друга опрема за посебни намени од Петтата управа била уништена во „РЖ Услуги“, рече сведокот и сведочеше дека имало за тоа изготвен записник.

Првото рочиште за предметот се одржа на 17 јануари 2018 година, а постапката беше закочена неколку месеци поради сослушување на првите двајца сведоци на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски. Обвинението за овој предмет СЈО го подигна на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија55 минути

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Регион2 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија3 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт4 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет4 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет5 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија5 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија5 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech7 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток19 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија20 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Досие