Македонија
Укината забраната за камиони на Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека

АМСМ информира дека од 08:30 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.
Од 08:20 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и Струга – Г.П. Ќафасан.
Од 08.40 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека и Буково.
Од 05:20 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
19 прекршувања на полицискиот час, 584 санкции за неносење маска

Синоќа констатирано е дека 19 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
Македонија
140 сообраќајни санкции во Скопје, 78 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78, 11 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
СДСМ: Институциите темелно да ги истражат обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата

Факт е дека Христијан Мицкоски, со јавно објавување на информации, се обиде да саботира сложена полициска акција, која се водеше подолг период и во чии рамки се преземаа дејствија кои имаат и меѓународни импликации, велат од СДСМ во врска со истрагата за лажните македонски пасоши кои им биле дадени на 200 криминалци.
„Ова не може да го сокрие ниту еден обид за извртување на вистината од белата палата, каде расте нервозата, откако Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, а акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно.
Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.
Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски имал контакти и бил во тесна врска со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Мицкоски е бранител на криминалот.
Токму затоа граѓаните шест пати по ред на избори ги казнија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш