Контакт

Македонија

Укинати забраните за движење на неколку патни правци низ државата

Објавено пред

АМСМ информира дека се укинати забраните за движење на камиони на неколку патни правци во државава кои беа воведени поради врнежи од снег.

Од 8 и 30 часот престанува важноста на забраните за тешки товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража и Крак-Маврово-Дебар.

Македонија

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Објавено пред

Крајно време Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров на панелот на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ во рамки на Светскиот економски форум, што се одржува од денеска до 24 јануари во Давос, Швајцарија.

Министерот Димитров настапи на панелот посветен на „Стратегиски дијалог за земјите на Западен Балкан“, како една од главните иницијативи на агендата на овогодишниот форум. Меѓу учесниците а во својство на специјални гости поканети беа: Бојко Борисов, премиер на Бугарија, Сума Чакрабати, претседател на Европската банка за реконструкција и развој, Кристалина Георгиева, управен директор на ММФ, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Марјан Шарец, премиер на Словенија, Александар Вучиќ, претседател на Србија и Хашим Тачи, претседател на Косово. Меѓу останатите учесници беа и Томас Гремингер, Генсек на ОБСЕ, Ан Линде, МНР на Шведска, Мевљут Чавушоглу, МНР на Турција, како и голем број извршни директори на познати светски и водечки компании.

Панелот за Западен Балкан се одвиваше во два дела, едниот посветен на последните политички случувања во земјите од ЗБ и очекувањата за 2020 година, и вториот дел со фокус на потикнување на економскиот раст во земјите од регионот.

„Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред Самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и Регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива.” МНР Димитров истакна дека во меѓувреме е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни.

На маргините на Форумот министерот Димитров имаше куси средби со премиерите на Република Бугарија и Република Хрватска.

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов се разговараше за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Премиерот Бојко Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во разговорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ МНР Димитров му се заблагодари нему лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, држејќи го нашето прашање високо на агендата на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски : Ние сме модел за успешно и функционално општество еднакво за сите

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, се обрати на конференцијата „Статусот и положбата на националните малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“, при што го истакна концептот „Еднакво општество за сите“.

„Уверен сум дека оваа Конференцијата ќе донесе поттикнувачки препораки за уште поголемо збогатување и јакнење на дијалогот и процесите за соработката меѓу различните култури, чии граѓани ќе се чувствуваат еднакви и рамноправни членови на заедницата. Исто така сум уверен дека и двете земји, и Северна Македонија и Хрватска, имаат што да кажат на темата на конференцијата.

Хрватска како земја членка на ЕУ и Северна Македонија како кандидат за членство на чекор до отпочнување на преговорите со унијата, ги имаат прифатени европските вредности за почитување, солидарност и неправењето разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници. Тоа се темели за интеркултурното разбирање и со кои докажуваме дека можеме да бидеме модели за успешно и функционално општество еднакво за сите“, рече тој.

Спасовски вели дека е застапник на ставовите дека правата на граѓаните во демократски уредените држави не се еднаш за секогаш дадени и дека секогаш можат да се унапредуваат. „Имајќи го тоа предвид, верувам дека оваа конференција ќе исцрта насоките за унапредување на правата на граѓаните во двете земји како што доликува на земји со докажано традиционално заемно пријателство и партнерство. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност и ќе продолжиме позитивно да ги користиме, да ги учиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста и недискриминацијата по сите основи, се придобивките кои можат да уште повеќе да не поврзат“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот закон за легализација граѓаните би плаќале 150 проценти од вредноста на комуналиите

Објавено пред

Новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на криминалното работење на СДСМ и општ грабеж на народот. Ваква е реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога претходно министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат стотина илјади објекти на граѓани да бидат легализирани.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека според членот 20, физичките лица, односно граѓаните, ќе треба да платат неверојатни 150 проценти од вредноста на комуналиите за објектот.

„Да повториме дека граѓаните според новиот предлог-закон ќе плаќаат 150 проценти од вредноста на комуналиите, а приватните компании што ја користат од државата изградената, а потоа дадена под концесија дадена кабелска канализација, не само што добиваат право да ја купат туку за неа нема да треба да платат ниту денар комуналии. СДСМ повторно ја става раката во џебот на граѓаните во обид за да ги задоволи расипничките потреби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Додаваат дека лани буџетот бил мегаломански и соборувал рекорди, а милиони евра пари на граѓаните биле потрошени во непродуктивни цели. Како што оценува ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е на очајно ниво.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача...

Македонија1 час

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија2 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет2 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет4 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет4 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија4 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион5 часа

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава7 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија17 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија21 час

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија23 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет1 ден

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија1 ден

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија1 ден

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ1 ден

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет1 ден

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Досие