Контакт

Македонија

Укинат притворот за Поповски

Објавено пред

По понудената гаранција во недвижен имот, судот ја укина мерката притвор за Оливер Поповски, поврзан со настаните од 27 април во Собранието.

Основниот суд Скопје 1 Скопје соопшти дека заради обезбедување присуство во текот на постапката, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост.

Поповски ќе има обврска да се јавува еднаш неделно на одговорно службено лице во судот, а како мерка на претпазливост е и привременото одземање на патната и други исправи за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

 

Македонија

Кирацовски на средби со општинските организации на СДСМ

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, периодов остварува интензивни посети на општинските организации на партијата, учествува на отворени средби со граѓаните како и на средби со членовите и симпатизерите на СДСМ. Посетите започнаа во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, и општините и населените места во околината на главниот град, како Чучер Сандево, Зелениково, Сопиште, Петровец, Шишево.

На средбите се разговара за досегашното спроведување на мерките од Планот за живот, за политиките кои обезбедуваат раст на економијата и повисоки плати, за потребите и очекувањата на граѓаните, актуелните политички состојби, но и за предизвиците пред коишто е соочена Македонија во овој период.

„Овде сме помеѓу вас да разговараме отворено за политиките и вредностите коишто ги спроведуваме и да да го слушнеме вашиот глас. Затоа што за нас, секој е важен. Македонија тргна напред и враќање назад нема. Ова е патот и благодарни сме за вашата поддршка. Свесни сме дека се уште постојат нерешени проблеми и предизвици, но посветени сме, заедно со вас, да ги надминеме“, рече Кирацовски за време на денeшната средба со граѓаните на Шишево.

Граѓаните даваат поддршка на политиките на СДСМ што обезбедуваат повисоки плати, нови работни места, интеграција, повисок животен стандард и градење на едно општество за сите. Но, изнесуваат и конкрентни забелешки, идеи и предлози за решавање на одредени прашања коишто се во интерес на граѓаните и државата.

„СДСМ како одговорна партија продолжува да биде помеѓу граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги следи нивните потреби. Во периодот што следува, највисокото раководство на партијата, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Шекеринска, потпретседателите, генералниот и организациониот секретар ќе ги посетат општините и граѓаните ширум државата. На средбите со граѓаните, раководството на партијата ќе разговара спроведувањето на политиките за подобрување на животот на граѓаните, особено во делот на економијата и животниот стандард, како и за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување сигурна и стабилна иднина за сите“, се вели во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Свеченост по повод прославата на 23 Мај – Националниот ден на Власите

Објавено пред

Од

Владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денес присуствуваше на свеченоста по повод прославата на 23 Мај – Националниот ден на Власите. Во делегацијата учествуваа и заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и заменик-министерот за економија, Кире Наумов.

Обраќајќи се на присутните гости на свеченоста, Шекеринска на влашки јазик им го честиташе празникот за кој рече дека е симбол на соживотот во Република Македонија.

„Празнувајќи го овој ден се потсетуваме на важноста на секој народ кој е дел на Република Македонија како заедничка држава на сите нас и како наша заедничка татковина“, рече министерката. Тоа е и пригода, додаде таа, да се потсетиме дека Македонија е пример не само на Балканот, туку и пошироко за тоа како можат да се негуваат и да се унапредуваат различностите и тоа е можеби најголемиот аргумент зошто Македонија треба да биде дел од европското ѕвездено небо. Шекеринска рече дека влашката заедница има посебно место во земјава, бидејќи даде значаен историски, културен и општествен придонес во изградбата на нашата заедничка држава.

Организаторите на свеченоста и се заблагодарија на владината делегација на присуството, потенцирајќи дека граѓаните на Македонија се едно без оглед на нивната етничка припадност и дека сите заедно сакаат да бидат и дел од ѕвезденото небо кое го симболизира заедништвото во Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

На 27 мај во Охрид студентски собир против промена на името

Објавено пред

На 27 мај на 1000 годишнината од Охридската Архиепископија ќе се одржи студентски собир во Охрид во  19.30 часот поради најавите за промена на уставното име. „Ние имаме човеково право на име и идентитет и никој нема право насилно да не присили и принуди да го сменат нашето име и идентитет. Поради најавите за промена на нашето уставно име најавуваме и огромен сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 23 јуни во 19 часот во Скопје пред Собранието“, најавуваат организаторите на собирите на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Големиот сенароден протест на 23 јуни е поддржан од 47 здруженија, кои помагаат финансиски или на други начини. Од страна на Македонските здруженија во Австралија за протестот ќе бидат обезбедени и 200 автобуси за бесплатен транспорт од внатрешноста.

„Протестот е организиран од студентите и младите и нема да дозволиме некој насилно да го промени нашето име и да ја уништи нашата иднина. Никој нема право да не понижива и насилно да ја продава нашето достоинство и нашата душа. Ние сакаме да живееме во држава Македонија, а не во држава со сменето име. Ние сакаме подобра иднина во оваа држава, а не да не се иселиме и Македонија да стане држава со иселена младина од типот на Романија и Бугарија. Ние сакаме да останеме да живееме во оваа држава, а не насилна промена на нашето име и идентитет. Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија“, се вели во повикот на протест.

Големиот сенароден протест е поддржан од следниве здруженија: Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП), Македонската кординативна мрежа СУМ (Став, Нашите, Христијанско Братство, Тврдокорни, Македонски Манифест, Преродба, Код, “Ние“, МПО-“Васил Чакаларов“, Бригада, МОС-Македонски Обединети Сили, МПЗ- “Пере Тошев“, Граганска Иницијатива “Вевчани“, Граѓански иницијативи за одбрана на името и идентитетот : Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), Граѓанската иницијатива “Македонија пред се”, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (од Канада), Macedonian Community of Adelaide & South Australia MCASA, Macedonian Community of Western Australia MCWA; Macedonian Orthodox Church Sveta Petka Rockdale; Macedonian Orthodox Community of Australia MOCA; Macedonian Orthodox Community of Melbourne & Victoria MOCVM; Macedonian Orthodox Church Sveta Nedela Gold Coast; Macedonian Orthodox Church Uspenie Na Preseveta Bogorodica Sydenham; Macedonian Orthodox Community of Wollonong; Macedonian Orthodox Community of Newcastle; World Macedonian Congress Australia WMC; World Macedonian Congress Canada; MPZ Andon Lazov Janev – Kjoseto Canada; United Macedonians – Canada; Macedonian Orthodox Church Sveta Bogorodica Brisbane.; United Macedonian Organisations of Western Australia и Граѓанската иницијатива “Македонија пред се” од Охрид.

Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и дека зад него не стои ниту една политичка партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира...

Македонија2 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија3 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија7 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија9 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија1 ден

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија1 ден

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија1 ден

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија1 ден

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија1 ден

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет1 ден

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет1 ден

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија2 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура2 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија2 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија2 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија2 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Македонија2 дена

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција. Слушнав...

Досие