Контакт

Македонија

Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Објавено пред

Утрово, пред Министерството за одбрана беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето 2 години од почетокот на руската инвазија, која почна на 24 февруари 2022 година, информираат од Министерството за одбрана.

На чинот на подигањето на знамето присуствуваа министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир.

Северна Македонија, велат од оваа институција, продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет.

Досега, Владата на Република Северна Македонија донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на советот НАТО – Украина, кој се одржа во седиштето на алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Северна Македонија до понеделник, 26 февруари, соопшти МО.

Најново

Култура5 минути

Недела на македонската култура во Албанија: полни сали и настапи на повеќе од 70 уметници

Од 3 до 6 септември, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и директорката Ема Попивода, во Албанија се...

Македонија10 минути

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста...

Спорт34 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија43 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура49 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет1 час

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура1 час

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија1 час

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...