Контакт

Бегството на Груевски

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Објавено пред

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде сослушан и во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта бидејќи тоа е законско прашање.

„Никола Груевски поднесе барање за азил кај соодветната служба во Унгарија. Со оглед на фактот дека тој беше премиер на Македонија 10 години, од безбедносни причини унгарските власти му дозволија на г. Груевски да го поднесе барањето за азил и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта, која ќе ја спроведе процедурата во согласност со унгарските и со меѓународните закони“, стои во дописот на унгарската влада до „Макфакс“.

Оттаму велат дека Македонија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија. Според нив, добрата соработка меѓу двете земји е важен темелник за развој на балканскиот регион и за безбедноста на Европа.

„Актуелната македонска влада е партнер на Унгарија и затоа ние на ниеден начин не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на суверените држави и сметаме дека разгледувањето на барањето за азил на поранешниот македонски премиер е чисто законско прашање“, се додава во дописот од унгарската влада.

Тие велат дека во согласност со унгарскиот закон, унгарските власти нема да даваат понатамошни детали за процедурата за азил на Груевски пред таа да биде завршена.

Бегството на Груевски

Обвинителството анализира 60 телефонски броеви на лица кои комуницирале со Груевски пред да избега

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досегашните преземени дејствија за бегството на осуденикот Никола Груевски.
Во соопштението пишува дека обвинителството издало наредби за одземање на снимките од видеонадзорот од камерите на сејф сити-системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Од три хотели во Скопје обвинителството добило одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видеоматеријал, по што надлежниот јавен обвинител издал наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.

Целокупниот прибран видеоматеријал со големина од околу 10 терабајти бил доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба сè уште се постапува.

Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период.

„Преку меѓународна правна помош, обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видеонадзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видеоматеријал во Подгорица“, соопштија од обвинителсството и додаваат дека надлежните органи од Албанија, по две ургенции, ги известиле дека побараниот видеоматеријал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов  пренос.

Во предметот, како што соопшти обвинителството, издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.

Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.

Обвинителството во неколку наврати побарало од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.

Основното јавно обвинителство утврдило дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до СЈО.

„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

(Видео) Груевски виден на снимка во возило со двајца унгарски дипломати

Објавено пред

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека не ѝ е јасно зошто Албанија не ги доставила снимките од безбедносните камери за бегството на Груевски.

„Сакам на јавноста да ѝ потенцирам дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побарана и меѓународната правна помош од Република Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и вие знаете дека ни ги доставија сите барани докази, а од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Република Албанија не ми е познато“, изјави Русковска.

Обвинителката, на прашање од новинарите, потврди дека го има Груевски на снимките во Црна Гора, како што е беше соопштено во возило со двајца унгарски дипломати.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

(Видео) Македонија може да извиси за снимките од безбедносните камери од Албанија за бегството на Груевски

Објавено пред

Дали го има Груевски на безбедносните камери од премините во Албанија сè уште ќе остане енигма. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека не било постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери со кои треба да се утврдат рутата и деталите за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.

„Во врска со снимките, две службени лица беа во Албанија, но на барањето не е одговорено целосно. Снимките досега не се обезбедени“, рече Јовески. Објаснувањето било дека станува збор за опсежни податоци и дека системот автоматски ги биршел снимките по извесно време.

Груевски избега на 9 ноември лани, а македонската јавност 2,5 месеца по бегството не знае дали некој му помогнал и дали ќе има кривична или дисциплинска одговорност. Предистражната постапка ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија57 минути

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија1 час

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Македонија2 часа

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ2 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија3 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија4 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија6 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет7 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет7 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет8 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет9 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет9 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија18 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија21 час

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија24 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Досие