Македонија
Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова за избор на претседател на Врховен
Управниот суд ја одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд.
Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Советот не ги прифати нејзините приговори на оценувањето бидејќи Судскиот совет не ги зел предвид нејзините објавени научни трудови.
Во трката за Врховен се В.Д. претседателката Снежана Бајлозова, поранешниот претседател Јово Вангеловски и судијката Беса Адеми. Судскиот совет постапката за избор на претседател на највисокиот суд, ја продолжува понатаму.
Најсериозен кандидат на Советот е в.д.претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, на која при вонредното оценување Судскиот совет и ги дал највисоки оценки и бодови.
На противкандидатката Неделкова, Судскиот совет и ги намали бодовите, а не и ги призна ни трудовите објавени во странски медиуми со меѓународен импакт фактор.
Судскиот совет се уште не ја завршил постапката за избор и нема закажано седница кога ќе се избираат претседателите на Врховен и на Кривичниот суд. Во трката за Кривичен останаа поранешниот претседател Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул.
„Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата засега е целосно затворен.
Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот.
Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13,00 до 15,00 часот и во период од 01,00 до 04,00 часот.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.
Скопје
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.