Контакт

Македонија

Усвоена програмата за персонална асистенција на лицата со попреченост

Објавено пред

Министерство за труд и социјална политика предложи, а Владата ја усвои програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за оваа година.

Со оваа програма се утврдуваат корисниците, мерките, носителите, извршителите и обезбедените средства за персоналната асистенција на лица со попреченост со цел да се придонесе за нивното независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Од Владата велат дека мерките од програмата ќе им помогнат на лицата со попреченост во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, за учество во образованието и на пазарот на трудот и други активности, кои лице без попреченост вообичаено би ги извршило без поддршка.

Македонија

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

Објавено пред

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто во овој поранешен автократ, осуденик за корупција што можеби ќе го стопи срцето на Орбан“.

Со оваа објава на Твитер, истражувачкиот новинар Обри Волфорд од Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) со две реченици ја долови реалноста – дека е голема веројатноста блискоста меѓу Никола Груевски и Виктор Орбан да го направи бившиот премиер, осуден на две години затвор, слободен граѓанин во Будимпешта.

Оваа блискост датира многу одамна, што впрочем се гледаше и во владеењето на двајцата премиери, кои носеа слични одлуки, делеа исти ставови, остваруваа редовни средби. Она што најмногу ги врзува е национализмот и нивната тенденција да владеат со секој сегмент од општеството, вклучувајќи ги и медиумите.

Оваа тенденција во Македонија продолжи и откако ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта, па во земјава почна да се слева унгарски капитал во македонски медиуми, кои се блиски до сега опозициската партија. Па така, во многу краток период, две фирми со унгарски капитал, Таргет Медиа и Адинамик Медиа, ги купија веб порталите Нетпрес, Република, Курир и телевизија Алфа. Истражувањето на БИРН покажа дека двете лица кои се јавуваат како сопственици на овие фирми, Петар Шатц и Агнеш Адамик, своите кариери во медиумите ги граделе токму за време на владеењето на Орбан, ги поддржуваат неговите политики, а медиумскиот бизнис го шират во повеќе држави во регионот, меѓу кои и во Македонија.

Познат како „малиот Путин“ во срцето на Европа, 55-годишниот Орбан беше првиот премиер на држава од Европската Унија кој почна да ги преиспитува западните вредности, да го поттикнува национализмот и сѐ поотворено да се угледува на Русија.

Кратко време откако дојде на функцијата, во 2010 година, Орбан ја оствари својата прва официјална посета на Никола Груевски во мај 2011 година и го пофали неговиот домаќин за својата работа. Две години подоцна, Орбан го прими орденот „8 септември“, највисокото признание од македонското Собрание за исклучителни придонеси во афирмацијата на Македонија во меѓународните односи.

Ова се случи токму во периодот кога Македонија се соочуваше со гласни критики од меѓународната заедница за проблемите што ги создаде Груевски во демократските процеси, владеењето на правото, слободата на медиумите.

Џорџ Сорос им беше заедничкиот непријател на Орбан и Груевски. На предвремените избори во декември 2016 година, за време на техничката влада воспоставена преку Приштинскиот договор, Орбан дојде во Скопје да го поддржи Груевски на партискиот митинг.

Веднаш по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи ја почнаа кампањата против Сорос и јавно повика на „десороизација“ на државата. Кратко време подоцна почна и иницијативата „Стоп за операција Сорос“, во која учествуваа и новинари кои работеа во медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а беа и гости на големиот собир во Будимпешта, каде што беше формирана иницијалната Стоп операција Сорос.

„Унгарија е пример кој треба да се следи, таа е првата земја која ја призна заканата од Фондацијата Сорос, особено неговото барање за отворање на границите“, пишуваа дел македонски медиуми.

Неколку месеци откако СДСМ ја презеде власта во мај 2017 година, Виктор Орбан дојде во Охрид за да му даде поддршка на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан тогаш и јавно му се заблагодари на Груевки за „спречување на мигрантите да дојдат во Унгарија”. Односот кон бегалците и бегалската криза впрочем беше уште една допирна точка меѓу Орбан и Груевски.

Двајцата политичари разговараа околу три часа, по што Орбан, со приватен авион се врати во Унгарија.

Дел медиуми тврдат дека токму на оваа средба Орбан му дал ветување на Груевски дека може да се засолни во Унгарија доколку во Македонија му се заканува затвор, а унгарските медиуми веднаш по средбата информирале дека Груевски навистина добил такво ветување.

Партиите на Груевски и Орбан, ВМРО-ДПМНЕ и Фидес се сестрински конзервативни партии и членки на Европската народна партија.

Сега, откако Груевски избега на унгарска територија, настапува тестот за Орбан, кој се движи на тенка линија меѓу движечките европски политики и пркосот што тој го има кон Брисел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Савески: Притвор мора да има и за Мијалков, власта да покаже дека тој не е оставен на слобода поради уставните измени

Објавено пред

Притвор мора да има и за Мијалков, а одговорните да поднесат одговорност за бегството на Груевски, беше пораката што членот на Левица, Здравко Савески ја испрати од денешниот протест пред Владата.

„Некој мора да ја сноси одговороноста, Спасовски дури и да нема политичка одговорност, а има, има морална одноворност и мора да поднесе оставка поради тоа што довозлиле Груевски да избега. Спасовски поради морална одговорност мора да поднесе оставка. Ако не поднесе оставка, тоа значи дека владата стои зад него, а ако владата стои зад него тогаш тоа значи дека ова е договорено. А ако не е договорено тогаш јасно и гласно треба да се каже“, изјави Савески.

Тој побара и притвор за Мијалков, а на властите им порача дека во Македонија мора да има владеење на правото.

„Мора да бараме и Мијалков да заврши во притвор, како тоа само Јанакиевски завршил во притвор имало опасност да избега, а Мијалков немало опасност да избега. Мора сите да бидат во затвор, мора на јавноста да и биде дадено екслицитно до знаење дека Мијалков не е оставен на слобода поради уставните измени што ги тераат“, рече Савески.

Вака не се оди во Европската унија, во Македонија мора да има владеење на правото.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Објавено пред

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”, „Вратете го, го сакаме”, демонстрати на протест пред Владата побараа одговорност од Владата за бегството на Никола Груевски.

Демонстратите се организираа на социјалните мрежи, каде го закажаа протестот за пред Влада во 6 часот. „Реки народ на улици за да го пуштат” коментираат присутните.

Паролите по протестот, како што посочија,  ќе бидат предадени во Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија1 минута

Савески: Притвор мора да има и за Мијалков, власта да покаже дека тој не е оставен на слобода поради уставните измени

Притвор мора да има и за Мијалков, а одговорните да поднесат одговорност за бегството на Груевски, беше пораката што членот...

Македонија1 час

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија3 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија3 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија4 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија5 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија6 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија6 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија7 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија7 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет8 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија9 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија10 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија23 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија24 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија1 ден

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Досие