Контакт

Македонија

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Објавено пред

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на членот 353 став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување при кое има штета на Буџетот. Рефератот за оваа инцијатива е втора точка на дневниот ред на судот.

Во септември лани еден од адвокатите на експремиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и на други обвинети во предметите на СЈО, Еленко Миланов, ја поднесе иницијативата за оценка на уставноста на овој член од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година.

Предметот на оспорување е тоа што во постарите верзии на Законот била пропишана поблага казна за ова кривично дело, околност, која според тврдењата на адвоктите, им оди во корист на обвинетите.

Извадок од Кривичниот законик (членот 353 ставот 5 се однесува на злоупотреби направени на штета на Буџетот)

Во 2004 година во Кривичниот законик бил додаден нов член 5 со кој се предвидува кривична одговорност со казна од 4 години за злоупотреби со јавните набавки. Со измените во 2009 година, овој член бил промнет во однос на висината на казната и се пропишани најмалку 5 години затворска казна.

Во Законот од 2004 година пишува. „Во членот 353 став 4, се додава нов став 5, кој гласи: Aко делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на средства од буџетот на Република Македонија, од јавни фондови или од други средства од државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години“.  Пет години подоцна членот е изменет и е зголемена казната затвор за 1 година.

Овој член се однесува на најголем дел од предметите на СЈО: „Титаник“, „Титаник 2“, „Таргет-Тврдина“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Трезор“… По овој член 353, став 5, по неколкупати обвинети се Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, а меѓу нив се и: Сашо Мијалков, Toни Јакимовски, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ, Владимир Талески, и сите други обвинети во „Транспортер“…

Со овој член се обвинети и сите во „Топлик“, Елизабета Канческа-Милевска и останатите обвинети во „Тендери“, ексдиректорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и останатите обвинети во „Тарифа“, експомошник-министерот Ѓоко Попоски во „Триста“, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски и ексминистерот Миле Јанакиески во „Траекторија“.


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими и сите останати обвинети освен Сашо Мијалков, беа осудени на затворски казни за штета на буџетот во предметот „Титаник 2“. И Ѓоко Попоски и Гордана Јанкулоска беа осудени токму со овој член за случајот „Тенк“ со набавката на „мерцедесот“. Ако Уставниот суд ја прифати иницијативата за разгледување, тогаш за неа ќе треба да се гласа на некоја од следните седници на Уставниот суд.

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од високи функционери за кои постапка води специјалното јавно обвинителство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поради предистрагата за Бучковски во СЈО, неизвесно е дали ќе сведочи во „Маѓар телеком“

Објавено пред

На денешното судско рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО, адвокатите на одбраната уште еднаш побараа експремиерот, Владо Бучковски, да сведочи во постапката. Обвинителката Лиле Стефанова рече дека ѝ треба време да се произнесе за овој предлог.

„За да се произнесам по овој предлог потребно е СЈО да преземе други дејствија зашто Бучковски се јавува како осомничено лице во друга предистражна постапка која е тесно поврзана со овој предлог“, рече Стефанова. Бучковски можеби ќе стане обвинет, па затоа не може да се појави и како сведок. На наредното рошиште кое е закажано за 8 мај треба да сведочи професорот Борче Давитковски, а Слободан Богоевски е предвидено да сведочи на 24 јуни.

Јавното обвинителство со години истражуваше дали ексфункционерите Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери зеле мито во аферата „Маџар телеком“.

Унгарецот Атила Сендреи и членовите на тогашниот одбор на директори во „Македонски телеком“, Германецот Ролф Плат и Унгарецот Золтан Кишјакус, се обвинети дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“. На тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ за речиси 4 милиони евра, а буџетот на државата за 2 милиони евра бидејќи Владата во тој период поседуваше 47 отсто од акциите во компанијата.

Во предметот беше обвинет и Гркот Михаил Кефалoјанис, но обвинителот Марко Зврлевски за него ја отфрлил пријавата. Според обвинението, на сметка на фирмата во Кипар биле префрлани пари без одлука на одборот на директори, а налозите ги потпишувале Сендреи, Плат и Кишјакус. Првото судење се одржа на 26 октомври 2011 година. Судот распиша меѓународна потерница во 2008 година за Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус.

Тројца ексдиректори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи, во паралелна постапка што се водеше пред унгарските власти за истиот случај беа обвинети дека во 2005 и 2006 година на македонски функционери им исплатиле мито од приближно 4,8 милиони евра за да ја одложат либерализацијата на телекомуницискиот пазар. Ексдиректорите ги исплаќале парите како консултански и маркетинг-услуги.

Штрауб и Балог во април 2017 година се спогодија со окружниот суд во Њујорк и платија глоби, а пет години им е забрането да вршат дејност во акционерските друштва. Штрауб плати 250 илјади долари, а Балог 150 илјади долари. Третобвинетиот во случајот, Тамаш Морваи, се спогоди и плати глоба од 60 илјади долари за фалсификување на книгите на компанијата поврзани со поткупот.

Аферата доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред окружниот суд во Њујорк, кое беше објавено јавно и првпат во јавноста беа посочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери, кои го тужеа Богоески за клевета и навреда, го добија случајот двапати на суд, но Апелациониот суд повторно ја укина пресудата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Објавено пред

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите.

На денешната седница на комисијата беше соопштено дека првиот случај се однесува на унапредувањето на Васко Ѓурчиновски во чин генерал-потполковник – генерал-мајрор. Според антикорупциската, претседателскиот указ бил донесен на 25 февруари 2019 година, при што при унапредувањето на овој старешина во повисок чин не било постапено според одредбите од Законот за служба во Армијата.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за унапредување и дава предлог до претседателот на Републиката, што во случајот, како што е наведено во одговорот на Министерството за одбрана, не е доставен“, се наведува во предметот на антикорупциската.

Од таму додаваат и дека указот за унапредување е донесен по денот на распишување на изборите, 8 февруари 2019 година, период во кој според закон не може да се преземаат вакви дејства.

Исто така, на 25 февруари годинава претседателот со укази ги поставил Орце Јордев, Драган Ковачки и Бесник Емини на позиции во АРМ.

„Во сите три случаи се работи за поставување на старешнините на формациски места генерали по основ на кои, сметано од денот на донесувањето на указите од претседателот на Републиката и нивното извршување, на споменатите старешини ќе им се исплатува зголемена плата – повисока од редовните месечни плати што ги примале пред донесувањето и извршувањето на указите, дејство што е забрането во изборен период“, велат од антикорупциската комисија.

 

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Пендаровски на средба со младите: Верувам во вас и во вашиот избор, дајте им пример на повозрасните

Објавено пред

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на трибина со младите истакна дека верува во нив и е убеден дека на 5 мај ќе знаат да го направат вистинскиот избор и дека ќе дадат масовна поддршка на концептот што води напред.

„Младите препознаа дека кандидатката што остана во вториот круг нуди враќање на режимот, кој ги подели луѓето на патриоти и предавници, кој го организира крвавиот упад во Собранието. Сите, не само младите, ги повикувам да размислат за тоа дека тие нудат само враќање на режимот на Груевски. Правдата е бавна, но доаѓа. Со Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ доаѓа само неправда. Не смееме да ја ризикуваме иднината на државата. Не се сомневам во младите. Знаете како се живее во развиениот дигитален свет. Кажете им и на повозрасните дека ветувањата полека, но сигурно се реализираат. Влогот е државата и иднината. Изборот е јасен“, рече Пендаровски.

Пендаровски посочи дека во согласност со неговата програма, тој како претседател уште во првите осум месеци од мандатот ќе воспостави посебен фонд за помош на младите и талентираните, Школата за млади ќе развива политички вештини и ќе развива критичко мислење, a ќе се учи преку дружење.

„Не можеме да одиме напред, ниту да имаме подобра иднина ако Република Северна Македонија не е членка на НАТО и на ЕУ. Со добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ се уриваат бариерите во образованието и за младите бесплатно ќе бидат достапни европските образовни институции. Нашата држава е единствена земја што не е членка на ЕУ која ја воведе младинската гаранција. Преку овој проект во оваа 2019 година се очекува да бидат опфатени околу 9.000 млади луѓе во целата држава, кои ќе имаат можност да добијат вработување, обука или практична работа. Затоа, на 5 мај да продолжиме заедно напред“, повика Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 20191 час

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија1 час

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ2 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија4 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија4 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија5 часа

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија6 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет6 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија20 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет1 ден

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 ден

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 ден

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Досие