Контакт

Македонија

Уставен суд: Прашањето за пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание

Објавено пред

Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”, соопштија од Уставниот суд.

Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд“, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека до Уставниот суд се поднесени 17 иницијативи од граѓани кои бараат преиспитување на членот 2 од Законските измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

Од Уставниот суд наведуваат дека јавните прозивки кон судијата-известител или кој било судија во корелација со партиски интереси претставуваат обид за поткопување на авторитетот на Уставниот суд.

„Судот ги носи одлуките со мнозинство гласови на судиите, а не со глас на еден судија. Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и е опасен преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за ‘партиска’“, се наведува во соопштението.

Во него се истакнува дека јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот.

Од Судот, исто така, велат дека прашањето на пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание или вмешување во работата на Судот.

„Уставниот суд апелира политичарите да покажат високо ниво на уставно-правна култура, наместо да се служат со реторики на потпалување тензии и дискредитација на судиите, со што ја зголемуваат недовербата во системот и поттикнуваат институционална нестабилност. Уставниот суд повторно нагласува дека останува непоколеблив и имун на секој притисок или обид за влијание, без разлика од кого доаѓа и со какви намери се упатува“, пишува во соопштението.

Најново

Македонија2 часа

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт2 часа

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт3 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија3 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт5 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт5 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија6 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...