Македонија
Утврдена владината програма за одбележување на 11 Октомври

Свеченостите по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе се одржат во Прилеп, Куманово и Скопје.
Содржините за одбележување на 78-годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово ќе почнат со положување свежо цвеќе на спомен-костурницата.
Владината делегација во Куманово ќе ја предводи претседателот на Владата, Зоран Заев, заменик-претседателот во владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.
Покрај другите содржини, во рамките на свечената програма за одбележување на државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, во Куманово е предвидено и обраќање на премиерот Заев.
Во Прилеп, каде што свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, како и на Могилата на непобедените.
Делегацијата на Владата во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан.
Празничните активности во Скопје ќе почнат со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, а владината делегација во главниот град ќе ја предводи заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, и членови на владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Собранието на Република Северна Македонија по повод доделувањето на високата државна награда „11 Октомври“.
На сите свечености по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври се поканети членови на Сојузот на борците, дипломатскиот кор во нашата земја и претставници на општествените и граѓанските организации во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени во изборниот законик, претседателкта на ДОМ Маја Морачанин открива дека објаснувањето на пратениците дека не биле навреме информирани за измените во изборниот законик и затоа не сакаат набрзина да се расправа за овие закони, е само начин да блокираат а за измените биле поканети да разговараат уште во септември. Морачанин вели дека на сите три расправи на кои биле поканети лидерите од најголемите партии, присуствувале само СДСМ, така што овој бојкот е очекуван но не е оправдан. Со промените според Морачанин би се намалила доминацијата на партиите врз своите членови и би се зголемила одговорноста на поединците на пратеничките листи.
„Со имените во изборниот законик ништо сушптинско не се менува во функцинирањето на партиите а ќе добие општеството и граѓаните. Измената која треба да донесе една изборна единица, без праг, отворени листи и 50% жени на листите и со тоа малите партии да бидат ставени во рамоправна позиција и за да се зајакне демократијата во изборниот процес, очигледно не им оди во прилог на двете големи опозициски партии. Не знам зошто тие не сакаат да дојде до расправа и дебата во Собранието, и ова личи само на инатење кое оди на штета на граѓаните, вели Морачанин.
За можноста изборите да бидат одложени ако измените на законите не бидат изгласани, зошто пратеничките на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се постигне родова еднаквост на гласачките листи но и за заложбите на ДОМ за чистиот воздух и отворената поддршка на еко активистите што се борат против рудниците разговаравме со Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.
Македонија
(Видео) Заев: Со реконструкција на „Пластичарска“ граѓаните ќе добијат модерно и ефикасно сообраќајно решение

Претседателот на Владата, Зоран Заев, изврши увид во градежните работи за реконструкција на една од најпознатите сообраќајници во Скопје – булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица, која поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош.
Премиерот истакна дека продолжуваат интензивните градежни работи за реконструкција на голем број булевари, улици и главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини и додаде дека примерот на Град Скопје е поттик и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност, и за поголема ефикасност на градскиот сообраќај.
„Овој булевар дневно го користат десетици илјади возила, а овој потег особено е значаен поради огромниот број стопански субјекти со огромна фреквенција на граѓани како потрошувачи или како деловни соработници и добавувачи на компаниите што тука имаат продажни и други објекти. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 1.400 метри, на потегот од клучката кај Бит-пазар до касарната Илинден“, рече премиерот Заев.
Тој дополни дека булеварот Никола Карев“истовремено е врската на источната и западната порта на Скопје. Тоа, како што рече Заев, ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница од посебен интерес на граѓаните на главниот град, како и на граѓаните од Републиката кои во огромен број го користат овој булевар.
„Кога ќе биде завршена реконструкцијата, булеварот ќе добие 4 коловозни ленти со полна функционалност, велосипедски патеки во двете насоки и тротоари за пешаци. Проектирана е и нова атмосферска канализациска и водоводна инфраструктура, како и ново осветлување и значајното зеленило“, истакна премиерот Заев.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека првата фаза од проширување на булеварот Никола Карев го опфаќа делот од клучката кај Бит-пазар до касарна Илинден и целосно ќе биде изведена непостоечка атмосферска канализација, реконструкција на подземните инсталации, со што ќе се добие современа сообраќајница и апелираше до граѓаните за трпение додека траат градежните работи.
Македонија
Ѓорчев во работна посета на Вашингтон

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, е во работна посета на Вашингтон, каде што имаше свое обраќање во Сенатот на САД на парламентарниот форум за безбедност на кој учествуваат над 200 сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји од светот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ѓорчев посочи дека ова е одлична можност да се зборува за Македонија и македонските позиции истакнувајќи дека земјата ја гради својата надворешна и одбранбена политика врз македонските интереси, заедно со нашите сојузници во НАТО и билатералните односи со САД и затоа сите заедно мораме да ги зголемиме нашите одбранбени капацитети.
Тој потенцираше дека нашето сојузништво во НАТО ги зголемува нашите колективни капацитети, воедно додаде дека Македонија во април 2020 година ја очекуваат парламентарни избори и според сите анкети може да се очекуваат промени и нова влада, бидејќи сега македонската економија стагнира, инвестициите се ниски, а младите масовно заминуваат.
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека на Македонија ѝ треба Влада која ќе донесе силен економски развој и инвестиции, а сето тоа ќе овозможи Македонија повеќе да вложува во одбраната и безбедноста.
Ѓорчев констатираше дека ќе продолжат да се развиваат билатералните односи меѓу Македонија и САД во делот на економијата, инвестициите, одбраната, дипломатијата и сите други области, при што се заблагодари за можноста да се обрати и да даде поглед на работите од македонска перспектива“, соопшти партијата.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене