Контакт

Македонија

Утврдена дискриминација врз малолетни Роми зависници од дрога

Објавено пред

Основниот граѓански суд 2 во Скопје пресуди дека Министерството за здравство извршило дискриминација врз малолетни Роми што имаат проблеми со зависност од дроги, со тоа што не им обезбедило третман или рехабилитација, информира Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР).

Министерството добило наредба да усвои конкретна програма за третман на деца корисници на дроги во рок од три месеци по донесувањето на пресудата во судската постапка поднесена од страна на Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР) во име на ромски деца на кои им било негирано правото на еднаков пристап до здравствена заштита.

„Недостигот на третман за малолетници е проблем што се провлекува со години, а како резултат на тоа се губат животи на млади Роми“, вели Сенада Сали, менаџер за правни работи во ЕЦПР.

Од ЕЦПР наведуваат дека судот пресудил оти во Северна Македонија на децата што имаат проблеми со зависност од дроги им е прекршено правото на еднаквост врз основа на нивната возраст и врз основа на нивниот статус како маргинализирана група на деца корисници на дроги. Судот потврдил и дека ромските деца што имаат проблеми со зависност од дроги се дополнително индиректно дискриминирани врз основа на нивната етничка припадност и преголемата застапеност меѓу децата корисници на дроги.

Тужбата беше поднесена од страна на ЕЦПР во април 2020 година.

„Побарав детето да биде хоспитализирано на психијатрија, но не прифатија бидејќи тој е многу млад. Ми рекоа: не можеме ништо да направиме, тој дува лепак, треба да наполни 13 години за да може да го ставиме во затвор. А јас им реков дека тој може да умре пред да наполни 13 години…“, сведочи една мајка.

Според НВО ХОПС, дури 40 % од корисниците на нивниот центар се од ромска националност. Меѓу малолетните Роми хероинот е предоминантна дрога што се користи, велат од оваа невладина организација.

Македонија

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Одбележуваме успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Објавено пред

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцираше дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30-годишнината од независноста на нашата земја, со 80-годишнината од народното востание и 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на целта за членство во Европската Унија.

Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната Влада во 2017 година било заокружувањето на нормативниот дел којшто произлегувал од Охридскиот договор.

„Тогашната Влада, во која министри беа и поголем дел од овој, актуелен состав, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше од сите претходни влади и го донесе Законот за употребата на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите останати законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите“, истакна Заев.

Премиерот нагласи дека Охридскиот договор ставил крај на конфликт кој со себе понел и жртви, и кој спречил, како што кажа, нашата заедничка татковина да стане место на продолжен конфликт и на општество без надеж за мирен живот.

„Во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на најголемиот тест, покажавме дека ние проблемите ќе ги решаваме низ институционалниот систем и никако поинаку. Покажавме дека сакаме да живееме сложно и обединетo, да напредуваме сите заедно. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Денес тоа е и нивна успешна историја што заеднички ја одбележуваме“, рече Заев.

Со Охридскиот рамковен договор, додаде тој, нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ.

„Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Прифативме дека Македонците, како мнозински народ во нашата земја, имаат одговорност да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја“, потенцираше премиерот.

„Нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина“, истакна Заев.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во своето обраќање истакна дека одбележуваме годишнина на еден значаен документ кој што, како што рече, донел мир, го променил уставот и општеството и ги отворил евроатлантските перспективи.

Груби информираше дека, во организацијата на Владата со оваа тематска седница започнуваат низата настани со кои ќе се одбележува 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор под слоганот „По Охрид“.

По серијата активности во повеќе градови во кои ќе бидат вклучени повеќе институции, централниот настан ќе се одржи на 13 август, на денот кога е потпишан Охридскиот рамковен договор.

На тој настан, организиран во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк е потврдено учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница и на протагонистите кои учествуваа во процесот на постигнување на Охридскиот рамковен договор како што се Питер Фејт, Дејвид Слин, Роберт Сери, Бренда Пирсон, Пол Вилиамс, Дејвид Филипс и други.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Објавено пред

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната независност.

22-годишникот од Скопје попладнево во Токио го освои сребрениот медал во теквондо, во категоријата од над 80 килограми.

Пред две децении борачот Могамед Ибрагимов освои бронза во Сиднеј.

Ривал во финалето на Георгиевски му беше најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин, од кого загуби со резултат 15:9.

На патот до среброто, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

Македонија и пред независноста има освојувачи на сребрени медали на Олимписките игри, како дел од СФРЈ. Toa се: борачот Шабан Трстена, кошаркарката Стојна Вангеловска, боксерот Реџеп Реџеповски, фудбалскиот голман Благоја Видиниќ и кошаркарот Благоја Георгиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на Ковид-19 од кои 14 во Тетово, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2 и по еден во Битола и Валандово.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти, шест во Тетово и по двајца во Скопје, Гостивар и Дебар.

Во изминатите 24 часа не се забележани смртни случаи.

Направените 3.839 тестови се преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Судска медицина-3, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-252, Биотек-197, Систина-66, лабораторија Лаор-338, Синлаб-29, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа–10, Никоб лаб-559, ВФВ Медикал-18, Ели Медика-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.906.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68823, Активни 118
Куманово 8917, Активни 36
Прилеп 8335, Активни 7
Тетово 7391, Активни 94
Битола 6312, Активни 2
Велес 5478, Активни 4
Гостивар 5209, Активни 21
Кавадарци 5156, Активни 1
Охрид 5025, Активни 6
Штип 4964, Активни 3
Струмица 4130, Активни 5
Струга 2986, Активни 5
Кочани 2796, Активни 4
Кичево 2609, Активни 10
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1526, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 949, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 668, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Одбележуваме успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцираше...

Македонија1 час

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија1 час

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа4 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија5 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа6 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт6 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија7 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет18 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа18 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа19 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа19 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион21 час

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Досие