Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани следните технички зафати во електросистемот на град Скопје:
Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Франце Прешерн (општина Карпош);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с. Маркова Сушица (местото наречено Вршник) (општина Студеничани);
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест. (општина Чучер-Сандево);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Кара Трифун, ул. Пандо Кљашев, ул. Малина Попиванова, дел од ул. Караџица, дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул. Пржино (општина Чаир).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски ги посети кандидатите за полициски службеници во Центарот за обука во Идризово

„Со големо задоволство ја прифатив поканата на Центарот за обука во Идризово за да видам како изгледа еден работен ден на кандидатите за полициски службеници од генерацијата 2019/2020. Посебно што, овие наши идни колеги, веќе го следат последниот од трите образовни модула – секој во траење од по четири месеци, исполнети со стручно и темелно подготвена наставна програма и практична работа, и за некој месец ќе започнат ново поглавје во нивниот професионален живот, со нивното официјално промовирање во припадници на полицијата на Република Северна Македонија“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на кандидатите за полициски службеници во Центарот за обука.
Министерот Спасовски ја искористи можноста да ги поздрави идните полициски службеници, кои пред започнувањето на професионалната обука поминаа низ интензивни и сложени циклуси на селекција базирана на сеопфатен систем на оценување и проценка на физичките, но и општообразовните, психолошките и здравствените критериуми, но и да види како изгледа сегмент од нивната теоретска обука, каде учат и ги совладуваат сите фундаментални знаења и практики од полициското работење, како и работа на подобрување на практичните вештини во спортската сала на Центарот, што секако ќе биде важен сегмент во понатамошниот работен ангажман на кандидатите.
„Иако професионалната обука за полициски службеници трае 12 месеци, оваа генерација беше принудена да се прилагоди на условите предизвикани од пандемијата со коронавирусот, што претпоставуваше професионалната обука да ја следат во период од година и два месеца, и тоа поделени во четири групи. А посебно задоволство причинува фактот што и оваа генерација може да се пофали со зајакнување на родовата рамноправност, односно 100-тина од вкупниот број на кандидати за полициски службеници се жени, што секако ќе придонесе за поуспешно интегрирање на жените во составот на полицијата, чија улога е извонредно важна во полициското работење“, посочи министерот Спасовски, порачувајќи им на кандидатите за полициски службеници да го вложат својот максимум до крајот на овој последен модул, со цел што подобри резултати во името на професионалните стремежи.
Во текот на посетата министерот Спасовски реализираше средба и со помошник министерот на Центарот за обука, Гоце Бачанов, кој информираше за актуелните состојби во Центарот за обука, текот на полициската едукација и предизвиците со кои се соочи генерацијата 2019/2020, како и предвидените активности на Центарот во тукушто отпочнатата година, во насока на континуирана полициска едукација согласно критериумите за квалитет на национално и на меѓународно ниво.
Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта

„Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта. Она што се случува во моментот таму е илегален грабеж и руинирање на она што претставува државна сопственост и заедничко добро на сите“, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, градоначалникот Петре Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го претстави како некое ревитализирање.
„Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење објекти и кршење бетон претставува ревитализирање а не грабеж. Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов, кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на автокамперите и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска.Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов“, се вели во соопштението.
Македонија
С.Македонија и БиХ меѓу земјите каде што состојбата со коруцијата највеќе се влошува

Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси интернешнл (ЦПИ) за 2020 година ги рангира Северна Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) меѓу земјите во светот каде што состојбата на корупција најмногу се влошува. Двете балкански земји се најдоа на 111. место на листата од вкупно 180 земји, позиција којашто ја делат заедно со Панама и Монголија. Земјава бележи пад од осум места во споредба со состојбата во 2012 година.
Северна Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови. Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се најдолу на листата, а годинава меѓу нив се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.
Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните, за жал, ја плаќаат со својот живот. Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома