Контакт

Македонија

Утре велофиеста на „Рекорд“

Објавено пред

Градот Скопје утре, 19 септември, од 18 часот ќе ја затвори за сообраќај улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“, а од 19 часот ќе почне велофиеста – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Настанот ќе трае до 22 часот, а е дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“.

Во текот на утрешниот ден ќе се организираат следните активности:

СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Автобусите на ЈСП Скопје
7:30 – 8:30 часот
Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

ЕКОЛОШКИ ЧАС
ОУ „Браќа Миладиновци“, општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, општина Кисела Вода
8:30 -11:30 часот
Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред сè од возењето велосипед и од пешачењето.

НА ГРАДОВИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ
Простории на ЗЕЛС – Заедница на единиците на локална самоуправа
13:00 – 15:00 часот
Работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.

УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ – КОЈ, КАКО, КОГА, ДАЛИ…?
Хотел „Континентал“
10:30 – 14:00 часот
Републичкиот совет организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:
Обраќања на претседателот на РСБП, градоначалникот на Град Скопје и министерот за внатрешни работи.
Теми: Учество во сообраќајот со електричен тротинет – алтернатива или закана; Придобивки и предизвици од користењето електричен тротинет како превозно средство; Одредби од законот за возила и нивната поврзаност со електричниот тротинет и Светски искуства, позитивна пракса и законски решенија за учество во сообраќајот со електричен тротинет. Заклучоци.

Македонија

Италија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Објавено пред

Италија е 23 земја членка на НАТО, која го ратификуваше протоколот за членство во Македонија во Алијансата. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил се заблагодари за ратификацијата.

Остануваат уште 6 земји да го ратификуваат протоколот, за да може Македонија да стане 30 земја членка на НАТО. За протоколот треба да се изјаснат и Франција, Велика Британија, Холандија, Исланд и САД.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опозицијата ќе поднесе предлог-закон за зголемување на пензиите

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собрането ќе поднесе предлог – закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој повторно бараме да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.Со овој предлог закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, со овие законски измени што ги предлагаат ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.

,,Со предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон. Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување. Власта веќе три години брутално манипулира и си игра со трпението и достоинството на пензионерите. Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект на пензионерите.

Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани. Сметаме дека грижата за пензионерите треба да биде континуирана секоја година како што правеше ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт, а не на нив да се мисли дсамо кога се ближат избори како што тоа го прави оваа Влада предводена од СДСМ. Почитувани пензионери, Вие заслужувате достоинствени и спокојни денови, а ние сме тие кои што имаме обврска да ви ги обезбедиме“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старите законски решенија за спортот

Објавено пред

Предлог-законот за спорт кој што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесе до Собранието со кој што се бара враќање на старите законски решенија кои што беа позитивно прифатени од спортска јавност и даваа одлични резултати е повеќе од неопходна, изјави Трајче Димков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, постоечкото законско решение коа го донесе Владата предводена од СДСМ продолжува да прави проблеми на спортските федерации и спортистите, а дополнителен проблем е и новата ситуација која што се појави во парламентарното мнозинство помеѓу СДСМ и ДУИ со Законот за данок на добивка во кој измените се однесуваат токму за вредноста на ваучерите кои се доделуваат на спортските субјекти од страна на Агенцијата за млади и спорт, а преку кои се врши донирање на финансиски средства од страна на правните лица во спортските субјекти и се користи даночното ослободување.

,,Коaлициониот партнер на СДСМ, ДУИ, побара симнување на оваа точка од дневен ред што предизвика еден вид на блокада на носењето на овој закон.Спортските федерации и спортистите реагираат со право и бараат политичките пазарења да се тргнат настрана од спортот.

Иако, според нас се работи за проблем кој што СДСМ и ДУИ треба како коалициони партнери да го решат, ние сметаме дека сепак овој постоен закон ќе продолжи да нанесува штета на спортските клубови, посебно на оние кои што се натпреваруваат во помал ранг и не можат да успеат да ги исполнат критериумите кои што ги постави Агенцијата за млади и спорт за да добијат право на вауер односно на финансиски средства кои што им се повеќе од потребни.
Реализацијата на ваучер системот мора да се напомене дека во моментот не е многу практичен, од причина што најголем дел од спортските клубови кои се натпреваруваат во втората односно трета лига и останатите младински лиги во националните првенства се одземени од негово користење и не се во можност понатаму да функционираат и да се натпреваруваат.

Од друга страна пак, спортските клубови кои што го имаат ваучерот од страна на Агенцијата за млади и спорт се соочуваат со големи проблеми околу реализирањето на истиот затоа што правните субјекти односно потенцијалните спонзори не се доволно информирани и кај нив постои скептицизам во врска со начинот и постапката за неговата реализација.

Според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата единствено решение е да се врати старото законско решение кој што даваше одлични резултати и понатаму во дебата и разговори со спортските федерации да се работи на овозможување на уште подобри услови и изнаоѓање на начини како спортот во Република Македонија поквалитетно да добива финансиска сигурност бидејќи тоа е единствениот начин за негов развој“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата Извор на мирот на Турција во Сирија ќе продолжи се до чистење на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 час

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија2 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет3 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет3 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет3 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион4 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа4 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија15 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет17 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија18 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа20 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион21 час

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт21 час

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет22 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет22 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ23 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија23 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија24 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија1 ден

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Досие