Контакт

Македонија

Утре лидерска средба меѓу Заев и Ахмети на која се очекува конечен договор за Влада

Објавено пред

За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и коалицијата „Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада.

Од СДСМ велат дека во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада.

„Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена по добивањето на мандатот. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години.

Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија. За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес-службите на партиите“, соопшти СДСМ.

Македонија

Утре умерено облачно време со локален дожд

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Наутро ќе биде доста свежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотарен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од утре следува период со повремено зголемена облачност. Во попладневните и вечерните часови, особено утре и в среда, ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер најинтензивен за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети на средба со амбасадорката Брнс: Америка останува нашиот најсилен сојузник

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс.

„Ахмети ѝ пренесе на амбасадорката Брнс дека успешната соработка со Соединетите Американски Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Северна Македонија. Во оваа пригода Ахмети ѝ се заблагодари на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД ѝ ја доделија на Северна Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од Ковид-19“, соопштија од ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, и американската амбасадорка Брнс исто така разговарале и за достигнувањата на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

„Претседателот Ахмети го поздрави и договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација. На крајот на овој состанок амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаја во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје – 24, Куманово – 8, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 6, Тетово – 2, Струга – 1, Битола – 1, Кавадарци – 3, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Крива Паланка – 7, Радовиш – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Пехчево – 7, Виница – 4, Свети Николе – 1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62), еден од Дебар (54), пациентка од Штип (53), пациентка од Прилеп (66), пациент од Кочани (66) и еден пациент од Свети Николе (23).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 20, а во болницата во Штип – 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 150 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 63
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 70
• Центар – 78
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 11
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 15
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен – 2

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет3 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија3 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија4 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија4 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија5 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија6 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа8 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија8 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија8 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет10 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија10 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет23 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Досие