Контакт

Македонија

Утре пристигнуваат вакцините на „Фајзер“

Објавено пред

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на 26 април.

Како што најави Министерството за здравство, вакцините ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.

До сега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астразенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини. Се верува дека во Македонија веќе над 45 илјади лица ја примиле прва доза од вакцината, ако тука се додадат оние кои патуваа во Србија за вакцинирање.

Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Објавено пред

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие дозвола за објавување. Во тек е постапка за декласификација на податоците од документите.

„Во соодветна процедура ќе се декласифицираат податоците за да се објави сето тоа“, рече денес министерот за здравство Венко Филипче.

Тој смета дека обвинувањата од опозицијата во последниве неколку недели за набавката на кинеските вакцини има цел да го поткопа легитимитетот на нашата држава не само пред Кина туку и пред меѓународната заедница.

„Мој впечаток од обвинувањата од последниве недели се две работи. Прво, опозицијата сама се фати во лага и второ, патолошки е зависна од лажни вести. Прво обвини за 12 милиони уплата, јавно кажав на прес-конференција дека имаше уплата, па средствата се вратија, документите се јавни. Ниту е нешто скришно, ниту сомнително. Ваквите клевети не носат ништо конструктивно, сакаат да го поткопаат нашиот легитимитет и пред Кина и пред меѓународните фактори“, рече министерот Филипче.

Опозицијата обвини дека министерот Филипче префрлил 7,8 милиони долари на фантом-фирма за кои се сомнева дека биле планирани за провизии за набавка на кинеските вакцини и да плати двојно поскапа цена за вакцините од реалната.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Објавено пред

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на овој месец од оваа вакцина кај нас треба да стигнат 500.000 дози наеднаш. Министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека токму големата количина која може да стигне наеднаш била пресудна за да се одлучат за набавка на оваа вакцина за која светските медиуми известија дека има ефикасност од 50 отсто.

„За ефикасноста на ’Синовак’ разговаравме повеќе пати. Разговаравме и утрово, експертите и публикациите покажуваат дека ефикасноста на вакцината е многу поголема, над седумдесет отсто. Ние се одлучивме за набавка на оваа вакцина затоа што не постои друга која може наеднаш да стигне во толкава количина. Сакаме пред летните месеци да имаме што повеќе вакцинирани, да се заврши со возрасната група и оние ризични категории граѓани и секако пред летото да биде завршена вакцинацијата на лицата кои планираат патувања“, рече министерот Филипче.

Минатата недела кај нас стигна првата голема пратка вакцини од Кина во која имаше 200.000 од вакцината на „Синофарм“. Со нив, оваа недела почна масовната вакцинација, а министерот Филипче најави дека секој понеделник во мај ќе стигнуваат по 7- 10.000 дози од вакцината на „Фајзер“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Објавено пред

Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, во присуство на државниот врв, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, раководството на Министерството за внатрешни работи и гости, со доследно почитување на Ковид-19 мерките и протоколите, беше одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција.

„Горд сум што и покрај несаканата ситуација на глобално ниво, покажавме дека во ова министерство работат професионалци кои неуморно ги извршуваат своите обврски, непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и за секојдневните потреби на граѓаните. За ефикасноста на полициската работа покажуваат конкретните резултати во борбата против криминалот. Со задоволство можам да констатирам дека во речиси сите сегменти е очигледно подобрувањето на резултатите, а евидентно е и генералното намалување на криминалитетот“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Според Спасовски, денешната визура на МВР е производ на интензивните и динамични реформи, во соработка со меѓународните партнери, академската јавност и граѓанското општество, а во тој процес на трансформација, МВР со своите вработени претставува реална слика на мултиетнички обединетото општество, со евидентни позитивни промени и во обезбедување на родова еднаквост и еднакви можности во полицијата.

На свеченоста беа промовирани и новите униформи за Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а плакети и благодарници беа доделени за успешно реализираните оперативни акции во МВР, за успешна соработка и континуирана поддршка на соработниците на Министерството, на најдобрите полициски службеници, а специјалнa плакетa за партнерство и соработка доби претседателот Пендаровски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај, делегации од Министерството за внатрешни работи положија свежо цвеќе на спомен обележјата на бранителите и починатите колеги на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР, во паркот „Жена“, во базата „Брест“, во касарната „Илинден“ и во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија46 минути

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 час

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија3 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија6 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет6 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион6 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија7 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион7 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет7 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија23 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Досие