Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Утре наутро ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност, информира УХМР.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Локални врнежи од повремен слаб снег ќе има и во среда. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шекеринска најавува гасификација на касарните и поголема енергетска ефикасност

Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност, напиша на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност….
Posted by Radmila Sekerinska on Петок, 05 март 2021
„Реконструкциите на објектите на командата на SEEBRIG во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната ‘Илинден’ ги работевме со издвоени 20 % од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во ‘Илинден’ и уште два објекта во касарната во Штип“, наведува министерката во објавата.
Таа додава и дека годинава почнува проектот за гасификација на касарните во Петровец и Куманово, кои се загревале на мазут и нафта.
„Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина“, посочува Шекеринска.
Македонија
(Видео) Костовски: СДСМ е за една изборна единица

СДСМ е за една изборна единица, измените на Изборниот законик треба да се донесат со консензус од сите, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на прашање дали неговата партија ќе го поддржи предлог-законот за измени на Изборниот закон на малите политички партии или ќе чека исход од работните групи?
„Малите политички партии што се дел од коалицијата на СДСМ со ова барање докажуваат уште еднаш за демократичноста и за ставот дека секој има право на определени свои мислења, ставови и политички влијанија. Ние како СДСМ и во предизборието ветивме дека треба да биде една изборна идиница, меѓутоа за ваква тема треба консензус од сите, а не со надгласување и со расправии. Се надевам дека во една општа, генерална дебата на опозицијата, позицијата, големите, малите, парламентарни, вонпарламентарни партии, ќе се најде консензус за ова прашање“, рече Костовски.
Македонија
Нов зелен сквер во Аеродром

Град Скопје целосно ја преуреди зелената запуштена површина од 2.000 квадратни метри на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во општина Аеродром.
Во скверот има дрвени елементи наменети за децата што ќе го користат овој простор да може да ги развиваат своите моторички способности. Исто така, има и патеки наменети за родители со колички за деца и лица со посебни потреби.
На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, канти за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со ЛЕД-осветление.
Локацијата за уредување е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на иницијативата на „Скопје лаб“ и УНДП, која почна во 2018 година. Во самиот процес беа вклучени разни возрасни групи на граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните што живеат во овој дел од населбата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“