Контакт

Македонија

Утре сончево и многу топло со температури до 41 степен

Објавено пред

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите од УХМР, во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температури во југоисточните подрачја повторно ќе надминат 40 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

Македонија

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Објавено пред

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“. Вакцините вчера пристигнале во земјата.

„Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе од 50 илјади вакцини на ‘Фајзер’ од Бугарија“, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи.

Тој додава дека вакцините се дистрибуирани и подготвени за употреба.

„Важен гест за пријателство и солидарност“, напиша Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 173 возачи во Скопје, 48 за брзо возење

Објавено пред

Полицијата вчера казни 173 возачи во Скопје, од кои 48 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила“, велат од МВР.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 5 прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање.

Од МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 37 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км/час).

Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 34 степени.

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата, особено во северните делови, ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и в недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Третата доза на вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19, значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

Европа24 минути

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Од...

Свет43 минути

Кина сака пристап до транспацифичкиот партнерски сојуз

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон договорот за слободна трговија...

Европа1 час

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот...

Регион2 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет2 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија21 час

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија1 ден

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Досие